Крцкави однадвор, сочни одвнатре со многу вкусна арома, вакви се фалафел топчињата  од наут печени во рерна и токму во оваа објава ви ги претствуваме.  

Во зависност од тоа каков вид на арома или мешавина од зачини повеќе додавате, вкусот ќе тежнее во таа насока.

Овие вегански фалафел топчиња од рерна се подготвуваат без маснотии и не предизвикуваат никаков хаос во кујната. Ветуваме! 😉

Фалафел топчиња од рерна

Сè што ви треба за да направите фалафел од рерна е наут, две големи снопчиња свежи билки и неколку зачини. Тие се совршени за wrap-ролнички, сендвичи, салати, хумус даски, едноставно за грицкање или каква и да е вашата идеја за послужување.
време на подготовка30 minutes
време на печење12 hours
целосно време на подготовка12 hours 30 minutes
главно јадење
потекло и регионorientalisch
начин на исхранаVegan
TagsЛеблебија, Наут, Сланоток, Фалафел, Фалафел од рерна

опрема

  • Процесор за храна или кујнска машина
  • Плех и хартија за печење
  • Поголем сад

Состојки

  • 300 гр наут - сув
  • 3 лажици брашно од овесни снегулки или брашно од наут.
  • 1 снопче магдонос или две раце полни
  • 1 снопче коријандер или две раце полни
  • 1 кромид - голем
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • ½ лажичка кумин
  • 1 лимон - сокот од него
  • 1 лажичка сол
  • Бибер мелен

Начин на подготовка

  • Сувиот наут натопете го во поголем сад со многу вода. 12 часа е сосема доволно, но 24 часа киснење на наутот во вода е совршено.
  • Веќе искиснатиот наут, исплакнете го, добро исцедете го и грубо исечкајте го со миксер или процесор за храна со неколку вртења.
  • Исецкајте го преостанатиот зеленчук и додадете го во миксерот.
  • Додадете ги зачините, брашното од овесни снегулки и на крај сода бикарбоната и сокот од лимон. Сода бикарбоната и сокот од лимон ќе создадат пенеста реакција и со тоа сода бикарбоната е активирана за да и даде мекост на смесата.
  • Уште неколку вртења со машината и смесата е подготвена. Бидете внимателни, не сецкајте пре долго, затоа што може да добиете пире!
    Chickpeas, parsley, cilantro dough for Falafel balls
  • Оставете ја подготвената смеса да одмори околу 15 минути, така што сите состојки добро ќе се искомбинираат.
  • Од смесата формирајте топчиња со било која големина и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. За подобро порционирање помогнете си со лажица за сладолед или со било кој друг предмет од кујната кој ќе ви ја олесни работата. Топчињата на фотографиите се формирани само со дланки.
    unbacked Falafelballs
  • Во зависност од големината, фалафел топчињата се печат на 180 степени целзиусови со горна и долна топлина околу 20-30 минути. Златно-кафеава боја ги прави топчињата од наут многу крцкави и неодолливи.
    Backed falafel balls on a backing tray set in rows
  • После печењето оставете ги фалафел топчињата 10-15 минути да се оладат, потоа тие се подготвени да ги уживате со вкусен сос од таан, како сендвич или како прилог со омилената салата.
  • Добар апетит! 🙂
    Bunch of backed Falafel balls decorated with fresh cilantro and parsley leafs, tahini sauce and arabic flat bread

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот
Falafel wrap with arabic flat bread, paprika, some green salad and tahini sauce

Запомнете:

Досега, сигурно скоро секој пробал фалафел сендвич или фалафел топчиња. Ако не сте пробале сега е крајно време да ги засукате ракавите и да ја приготвите оваа здрава варијанта на превкусните фалафел топчиња од наут. 🙂

Многумина ги обожаваат, а други воопшто не ги сакаат. Прашање на вкус. За сите оние кои не јадат фалафел бидејќи се чини премногу мрсно и нездраво, склопивме варијанта во која не влегува ниту капка маснотија. И не, тие не се суви, туку се навистина крцкави однадвор и зачинети, ароматични, сочни одвнатре.

Ако навистина ви недостасуваат маснотии, премачкајте ги топчињата со малку масло пред печење, превртете ги на половина од времето на печење и повторно премачкајте ги со неутрално масло.

Совет 1: Овесните снегулки можете сами во процесор за храна да ги преработите во брашно. Тие ја поврзуваат смесата и со печењето даваат екстра крцкавост.

Можете ли да се користи веќе варен наут од конзерва?

Овој рецепт бара неварен наут кој подолго време кисне во вода.

Исушените мешунки може оптимално да се обработуваат за 12 или 24 часа без да се готват. Препорачуваме водата од натопениот наут да ја истурите или воопшто од сите мешунки, бидејќи во неа може да има остатоци од пестициди или други нечистотии ама сепак водата можете да ја искористите за наводнување на вашите растенија.

Добро исплакнете ги зрната пред да ги варите или на било кој друг начин да ги преработите. 

Може да земете и наут кој веќе е сварен или конзервиран, само смесата станува малку помека и по кремаста. Во тој случај, не го сецкајте наутот со процесор за храна, само грубо смачкајте ги зрната со вилушка.

Од наведените состојки, се добива смеса која резултира со приближно 25 топчиња.

Кои зачини се најдобри за фалафел?

Количините на зачини дадени во списокот на состојки се внесуваат многу умерено, за поголем интензитет на вкусот додајте повеќе. Најдобро е прво да го пробате, а потоа да ги зголемите количините.

Кумин е стандарден зачин кој се користи при подготовка на фалафел. Готова мешавина од зачини фалафел сега може да се најде во скоро секој голем супермаркет или специјализирана продавница. Овој зачин вклучува: кумин, ким, коријандер, цимет, ѓумбир, морско оревче и сол.

Ако се осмелите сами да го подготвите зачинот, бидете претпазливи, инаку сè може да добие горчлив вкус и едвај ќе може да се јаде.

Свежиот коријандер може да се замени со семе од коријандер (1 лажичка) и со толчник да се преработат во ситен прав. Семето од коријандер дава сладок вкус, но за жал не ја заменува убавата зелена боја на свежиот коријандер.

Како да ги сервирате фалафел топчињата?

Фалафел традиционално има кружен облик и се пржи во многу масло. Се служи со сос од таан или хумус од наут. Обликот се постигнува со специјална лажица.

За сервирање на фалафел топчињата постојат варијации колку што е опсегот на човечката имагинација. Како гарнир со салата или друг зеленчук, како сендвич, како ролничка со арапско лепче, едноставно како топче, како плескавици, длабоко пржени во многу масло, пропржени во тава или печени.

Совет 2: За дополнителен крцкав залак и повеќе вкус на јатки, извалкајте ги топчињата во семе од сусам пред печење и оставете ги да се печат.

Како да ги чувате фалафел топчињата?

Веќе печените фалафел топчиња можете да ги замрзнете во херметички затворен сад до 3 месеци, но не очекувајте да бидат така крцкави како при првото печење. 😉

Од искуство препорачуваме смесата за топчињата да ја замрзнете уште пред печење. Веќе оформени топчиња или целото „тесто„ затворени во херметички сад можат да оддржат свежи дури до 3 месеци. Подолго не ви препорачуваме, затоа што аромите и хранливите вредности по долгиот мраз се губат.

Кога ќе бидат потребни, оставете го тестото да се одмрзне во фрижидер преку ноќ и потоа обликувајте ги, печете ги или пржете ги и уживајте ги свежи.

Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.💚

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.