Со сигурност кога ќе слушнете тофу веднаш во мислите поврзувате со класичното тофу направено од соја, што не е баш омилен избор на сите.
Поради конзистентноста и можноста да ја зачините смесата направена со брашно од леќа како што сакате, оваа креација ја нарекуваме тофу од леќа.
Смесата можете да ја подготвите во стил на пилешко, риба или пушеница. Бојата од различните видови на леќа остава многу простор за фантазија и развој на вкусови. 🙂
Во оваа објава ја презентираме нашата омилена варијанта тофу од црвена леќа со крцкава панада.
Тофу од леќа
опрема
- Процесор за храна или кујнска машина
- Тенџере и маталка
- Калап или сад со херметично затворање
Состојки
За тофу од леќа:
- 250 гр црвена леќа - ситно мелена како брашно
- 500 мл вода
- 1 лажичка сол
- бибер мелен
- 2-3 капки Liquid smoke - по избор
- 2-3 лажици нутритивен квасец - по избор
- омилени зачини и билки
За маринада:
- 1-2 лажици црвен пипер - во прав
- 1 лажичка лук - во прав
- 2-3 лажици масло - неутрално
- 3-4 лажици вода
- сол и црн пипер
За панада:
- 100 гр лебни трошки - без глутен доколку е потребно – по избор
- 1 грст корнфлекс/снегулки од пченка - по избор
Начин на подготовка
- Во процесор за храна или мелница за кафе обработете ја црвената леќа во фино брашно.
- Измешајте го брашното добиено од црвена леќа со 250 мл ладна вода за да добиете мазна смеса.
- Во меѓувреме, ставете ги преостанатите 250 мл вода во тенџере, оставете да зоврие и додадете ја веќе приготвената смеса од црвена леќа.
- Со постојано мешање со маталка, доведете ја смесата до вриење и мешајте додека смесата не се оддели од тенџерето.
- Ставете ја готовата смеса во намастена форма и оставете ја да се стегне преку ноќ.
- Следниот ден, извадете ја смесата од калапот и исечете парчиња дебели приближно 1 см.
- Потопете ги или премачкајте ги веќе исечените парчиња во маринадата и извалкајте ги во лебни трошки.
- Ставете ги исечените парчиња тофу направени од црвена леќа на плех обложен со хартија за печење и печете на 180 степени целзиусови на горната и долната топлина 20-30 минути. Или печете додека добрите парчиња не добијат златно-кафеава боја.
- Добар апетит! 🙂
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.
оцени го рецептотЗапомнете:
Тофуто од црвена леќа многу често е на нашето мени со постојани промени и варијации.
Конзистентноста на тофуто од леќа е стабилна и може да се сече дури и на многу мали коцки. Премачкани со омилената маринада, која помага панадата да се држи подобро ги прави превкусни.
Ако во панадата додавате корнфлекс, доволно е да ги истрошите грубо помеѓу дланките, а пак ако оставите малку поголеми парчиња добивате сосема подруг вкус. По печењето или пржењето, оваа панада ќе овозможи дополнителна крцкавост. 🙂
Колку време треба да ја варите смесата од леќа за да добиете екстра цврсто тофу?
Тофу направено од леќа по конзистентност изгледа како екстра цврсто класично тофу. Во зависност од степенот на мелење на брашното од леќа, времето за готвење може да варира многу, колку е пофино мелена леќата толку е побрза подготовката. Ако сепак сте ставиле малку повеќе вода во тенџерето, тоа не е проблем, потребно е само повеќе време додека не ја добие посакувата конзистентност. Смесата треба да биде скоро цврста пред да се стави во калапот.
Ние овде користевме силиконски калап за леб или колач, но многу едноставни кујнски садови со капак ќе завршат добра работа.
На смесата и требаат барем 2-3 часа да се стегне, но најдобро е да се остави преку ноќ во фрижидер.
Совет: Кафеавата леќа е исто така многу погодна за овој рецепт. Единственото нешто што се менува тука е бојата и вкусот на леќата. Погледнете ги фотографиите!
Кои зачини се најдобри за тофу од леќа?
Можете да ги користите скоро сите зачини кои се наоѓаат во вашиот шкаф. Во зависност од тоа што ќе јадете со тофу, можете да го одредите вкусот на тофуто со помош на вашите омилени зачини.
Бојата на црвената леќа по преработката во брашно од леќа и тофу излегува светло розева. Тука ви препорачуваме да користите зачини од типот пилешко, бидејќи бојата е веќе дадена за да се имитира пилешки производ.
За малку рибен вкус, земете лист нори (алгини листови за суши), исецкајте го и варете го уште од почеток со смесата.
Овој рецепт е една пријатна промена од типичните јадења со леќа, за да ги уживате и користите сите здравствените придобивки кои леќата ги овозможува.
Треба ли да се грижите поради консумирањето на леќа?
Ако црвената леќа, како и сè друго, се консумира во нормални количини и не секој ден, тогаш нема простор за било каква загриженост.
Во принцип, се препорачува мешунките да се мијат пред да се готват, бидејќи може да се најде секаков вид на нечистотија на нив. Овој чекор е експлицитно прескокнат во овој рецепт, бидејќи црвената леќа ни е потребна во вид на брашно.
Ако навистина сакате да ја измиете леќата, можете да го направите тоа, но тогаш мора да поминете низ алтернативен метод на подготовка.
Не можам да најдам брашно од црвена леќа и немам уред во домашни услови да направам брашно од леќа!
Во ред е, бидејќи и на тоа решение помисливме. 🙂
Имено, добро измијте ја леќата и оставете ја да кисне преку ноќ. Следниот ден, варете ја леќата како што е наведено во чекорите на подготовка погоре. Варете ја додека не се формира скоро цврста, кашеста смеса.
Изгледот на смесата ќе биде малку подруг и груб, но тоа нема да влијае на вкусот.
Ова не би функционирало со кафеава леќа, бидејќи таа има поцврста лушпа и смесата нема да стане кашеста.
Колку долго и како да го чувам тофуто од леќа?
Најдобро е тофуто да се чува во херметички затворен сад во фрижидер, секако откако ќе се олади после готвењето.
Ние ви препорачуваме калапот со тофу да го чувате покриен, инаку ќе се формира кора. Тоа и не е лошо, но потсушените површини ќе бидат чувствителни на притисок.
Инаку смесата е многу цврста и лесно може да се исече со остар нож. Се сече на парчиња или коцки.
Спакувано во сад со херметичко затворање, тофуто од леќата се одржува свежо во фрижидер околу една недела.
Веќе пржени или печени со панада од лебни трошки, најдобро е да ги чувате во фрижидер. Меѓутоа, панадата од лебни трошки до наредниот ден ќе омекне и потполно ќе ја изгуби крцкавоста.
Замрзнување исто така би функционирало, но не подолго од 3 месеци, во спротивно сите вкусови и хранливи вредности ќе исчезнат.
Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂
Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.💚