За оние кои често велат: „Веганската исхрана не е за мене, не можам да живеам без сирење и кашкавал“, тука имаме примамлива можност да направитe тест и  да ги проширите сопствените граници на вкус.

Дури и при првата дегустација на омилените тестенини или друго јадење ќе бидете освоени и ќе го сакате веганскиот пармезан повеќе од класичниот.

Оваа варијанта е без индиски ореви и се состои главно од бланширани (лупени) бадеми и нутритивен квасец (снегулки од квасец).

Пармезан од бадеми

Веганскиот пармезан се состои од само две главни состојки, се прави многу брзо и потребен е само со миксер или процесор за храна.
време на подготовка10 minutes
целосно време на подготовка10 minutes
Додаток во јадење
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбадеми, без глутен, Вегански пармезан, пармезан, Пармезан од бадеми, Посен пармезан, посно

опрема

  • Процесор за храна или кујнска машина
  • Сад за складирање

Состојки

  • 100 гр бадеми без лушпа
  • 30 гр нутритивен квасец - снегулки од квасец
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1-2 лажици лебни трошки - по избор
  • ½ лажичка лук во прав
  • сол и црн бибер
  • ½ лажичка црвен пипер - по избор

Начин на подготовка

  • Целите и лупени бадеми ставете ги во тава и кратко без масло потпечете ги. Оставете ги да се оладат.
  • Измешајте ги сите преостанати состојки со бадемите и мелете ги со машина за јаткасти плодови или процесор за храна додека не се формира груб прав.
  • Истурете ја смесата на чинија обложена со кујнска хартија.
  • Нека се исуши неколку часа или по можност преку ноќ.
  • Накратко искршете ги грубите трошки со рацете и истурете ги во тегла за чување.
  • Најдобро е да се чува во фрижидер, така што ќе остане свеж неколку недели.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Во основа, веганскиот пармезан може да се направи само од бадеми, снегулки од квасец и сол. Зошто сепак зедовме други ситници што скоро секое домаќинство секогаш ги има дома, објаснување за ова понатаму во објавата 🙂

Колку време е потребно за да се приготви посниот пармезан во домашни услови?

Времето на подготовка во горната табела не е 100% точно бидејќи зависи од видот на подготовката и видот на јаткасите плодови што сте ги избрале.

Наша препорака е да користите цели, бадеми без лушпа. Малку потпечени во тава без масло им се подобрува аромата.

Ставете ги сите други состојки, како и изладените бадеми во миксер или во процесорот за храна и процесирајте додека не се постигне посакуваниот степен на мелење. 

Само не мелете долго затоа што ќе добиете намаз. 🙂

Овој метод на подготовка дефинитивно ќе трае 10 минути кои се наведени во табелата.

Секако дека би одело многу побрзо ако едноставно користите мелени бадеми од пакување, за што потребни се најмногу 2 минути за вашиот омилен вегански пармезан 🙂

Од вас зависи како ќе го приготвите:) Со сигурност треба неколку пати да го приготвите креативно и разновидно за да откриете кој е најдобриот вкус за себе и семејството.

Снегулките од квасец природно имаат благ, зачинет вкус со арома на кашкавал. Затоа, во прехранбената индустрија и домаќинставата, нутритивниот квасец се користи за ароматизирање јадења и како алтернатива за веганско сирење и кашкавал.

Комбинацијата на снегулки од квасец и сок од лимон ја прават смесата малку леплива и компактна. Поради влагата, може да се случи да се формираат груби грутки, но по сушењето, тие лесно можат да се протријат низ дланките.

Пармезанот може да се ужива веднаш по подготовката, важно е само да не се затвори веднаш во тегла со капак. Прво мора да се проветри или исуши.

Лукот во прав, солта и црвениот пипер се додаваат за да се постигне подобар и посилен вкус.

Како што веќе беше објаснето погоре, веганскиот пармезан може да се приготви само од бадеми, нутритивен квасец и сол. Бадемите имаат добра количина на маснотии, снегулките од квасец многу брзо се врзуваат со масна храна и солта делува како засилувач на вкусот.

Дали бадемите можат да се заменат со други јаткасти плодови?

Ако не сте љубители на бадеми од која било причина, можете да користите други јаткасти плодови по ваш избор за да подготвите вкусен вегански пармезан.

Индиски оревчиња е плодот кој е наблиска замена за лупените бадеми во овој специјалитет. Со други плодови исто така ќе функционира затоа што количината на маснотии од самиот плод е прилично иста и ќе ја вршат истата функција. Вкусот и бојата на специјалитет може да се менуваат во зависност од користените јатки.

Ако сакате да додатете крцкавост, тогаш користете мала количина на лебни трошки. 

Со овој рецепт позитивно ќе ги изненадите пријателите кои не обрнуваат внимание на веганска исхрана и нема да приметат дека сервираниот пармезан е целосно без млечен производ.

Колку време може да се чува посниот пармезан?

Потсушен, добро проветреан спакуван во тегла со капак во обичен фрижидер со сигурност можете да го оддржите 3-4 недели свеж ако не и повеќе. Кај нас неговиот рок на траење е  многу пократок. 🙂

Во комората за длабоко замрзнување може да се чува и до 3 месеци. Подолго чување во замрзнувачот не се препорачува, затоа што сите ароми и хранливи вредности ќе бидат уништени. 

Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.