Веројатно повеќето од вас веќе имаат направено хумус од наут во домашни услови. Во меѓувреме има многу рецепти и варијации од различни зеленчуци што може да се најдат на интернет. Добро е што има голем избор и се наоѓа по нешто за секој вкус и секој стомак може да се задоволи. 🙂

Во овој рецепт ќе ја претставиме нашата едноставна варијанта на посен хумус од наут. Тој многу лесно се приготвува со неколку едноставни состојки. Сè што ви треба е процесор за храна или миксер и 10 минути од вашето време. Овде ќе дознаете како сами да го креирате вашиот нов омилен хумус од наут со мека и кремаста конзистенција.

Посен хумус од наут

Овој домашен рецепт за хумус од наут е посен, брз и лесен за подготовка, со мека и кремаста конзистенција, вкусно зачинет и ароматичен. Со свежо печен леб, домашни крекери или како намаз за стапчиња од свеж зеленчук, совршен за секоја пригода.
време на подготовка10 minutes
целосно време на подготовка10 minutes
Намаз
потекло и регионарабски специјалитет
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, намаз, посен хумус од наут, посно, посно кари со тиква, наут и спанаќ, хумус

опрема

  • Процесор за храна

Состојки

  • 50 гр наут од конзерва или домашно варен
  • 3 лажици таан - сусамов крем
  • 2 лажици сончогледово или маслиново масло
  • 2 големи чешниња лук
  • ½ лажиче кумин
  • Сок од лимон - сок од исцеден лимон или 2-3 лажици
  • 2-4 лажици ладна вода
  • Бибер и сол

Начин на подготовка

  • Ставете ги таанот, ладната вода, маслиновото масло, куминот, солта, лукот и сокот од лимон во процесор за храна. Пирирајте додека смесата не стане мазна.
  • Исцедете го наутот преку цедалка за чај. Течноста немојте да ја фрлате!
  • Додадете го наутот во процесорот за храна со другата смеса и пирирајте околу 3-4 минути.
  • Со силиконска лажица од време на време исчистете ги ѕидовите на процесорот за храна од состојките и продолжете да пирирате додека смесата не се изедначи.
  • Ако смесата ви изгледа премногу густа, додадете уште една или две лажици вода.
  • Доколку е потребно, зачинете дополнително со сол, кумин и / или сок од лимон.
  • Добро изблендираниот хумус може да се гарнира по желба и да се сервира веднаш.
  • Остатокот чувајте го во затворен сад или тегла со вакуум капак и чувајте го во фрижидер до 5 дена.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Ние секогаш го подготвуваме хумусот од наут сами во домашни услови, затоа што еднаш направивме грешка да купиме готов. Тоа пакување тотално ја уништи нашата претстава за хумус, но исто така силно не мотивираше секогаш сами да си го приготвуваме хумусот 🙂

Со текот на времето научивме многу, особено како да го направиме намазот поеластичен.

Ако сте решиле сами да го варите наутот, најдобро е зрната да ги потопите во ладна вода со половина лажичка сода бикарбона уште од претходната вечер. На овој начин се вари побргу и се заштедува многу енергија. Содата помага зрната да не се оддвојуваат од лушпата при варењето и да ја задржат светлата боја. Водата истурете ја, наутот измијте го добро пред да го ставите да се вари, добро измиен нема да има никаков вкус на сода бикарбона.

Ако подготовката треба да биде брза, тогаш користете наут од конзерва. 

Добро исцедете го наутот ама не ја истурајте течноста, таа се нарекува  Aquafaba и можете да ја користите за да направите многу други добри закуски и претставува замена за белка од јајце. Една препорака би била од аквафаба да направите посен Mousse au Chocolat, рецепт што секогаш успева.

Според наше мислење, таанот е втората најважна состојка во класичниот хумус или хумус воопшто, без оглед на варијациите.

Се прави разлика помеѓу лупен и не лупен сусам. Таанот од не печен сусам е потемен, но содржи повеќе витамини, хранливи материи и околу 10 грама на 100 грама повеќе диетлани (баланс) влакна. Таанот често се прави од мешавина од двете сорти на сусам.

Излупеното семе од сусам го прави таанот поблаг додека не лупениот е поинтензивен на вкус и исто така, малку горчлив.

Без оглед која сорта ја користите, таа треба да биде со најдобар квалитет. Квалитетот на сусамовата паста е многу важен во однос на вкусот.

Зошто грч ладната вода е толку важна за хумусот?

Ова е уште еден трик што го научивме на нашето експериментално патување. Не можеме да го докажеме тоа научно, но се чини дека помага да го направи хумусот лесен и мек и да ја осветли бојата на таанот.

Сокот од лимон купен во продавницата секогаш има тажен и одстојан вкус, таков вкус ќе има и вашиот хумус доколку не користите свеж лимон. Наша препорака е секогаш да го користите сокот од свежо исцедени лимони. Во зависност од вашиот вкус, можно е да земете малку повеќе сок од лимон, на рецептот нема воопшто да му наштети.

Ако лукот и лимоновиот сок кратко го изблендирате а потоа мешавината ја оставите да се одмори неколку минути, лукот го губи својот остар, суров мирис и станува поблаг.

Куминот е вообичаен зачин во сите рецепти на хумус и му дава на хумусот посебен вкус.

Маслото: ние не сме љубители на маслиновото масло, затоа секогаш користиме сончогледово масло. Многу рецепти за хумус се без масло, други со многу маслиново или масло од сусам. Овде се најдовме на пола пат и искористивме многу малку сончогледово масло затоа што маслото му дава на хумусот дополнителна кремаста конзистентност.

Се надеваме дека долгиот текст со препораки и информации нема да ви ја расипе желбата да експериментирате 🙂

Ако ве мотивиравме да готвите, ќе бидеме среќни доколку споделите со нас и ни покажете колку сте задоволни од вашите резултати.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.