Да се добијат крцкави компирчиња од рерна во домашни услови е малку тешко, особено ако вашиот вкус е разгален и изострен како нашиот, мора да си го признаеме тоа. Ама ако не беше така немаше да експериментираме и да дојдеме до ова решение 🙂
Крцкави компири од фритеза може да приготви секој, но само со малку масло и неколку зачини, наскоро ќе можете вие. 🙂
Големиот трик за екстра крцкав пекарски компир од рерна е грубата површина, повеќе околу ова ќе дознаете подолу во текстот. 🙂
Крцкав пекарски компир
опрема
- Плех и хартија за печење
Состојки
- 1 кг компири
- 4 лажици пченкарно брашно
- 2 лажичиња црвен пипер
- 2 лажици копар - свеж или сушен
- сол и црн пипер
- Сончогледово масло
Начин на подготовка
- Темелно измијте ги компирите, исечете ги на 4 дела без да ги лупите и ставете ги на плех за печење.
- Перпорачуваме на плехот да ставите хартија или подлога за печење што може да се користи повеќепати, така што вкусната кора од компирот нема да се залепи за тавата.
- Грубо посипете го компирот со сончогледово масло (количината зависи од вашиот вкус), посипете го со пченкарно брашно, црвен пипер, копар, сол, бибер и добро распределете ги сите состојки со рацете.
- Печете 30-40 минути во рерна на 180 степени со горна и долна топлина.
- Печете околу 20 минути, измешајте ги компирите со дрвена лажица и печете ги во рерна додека не поруменат и не станат крцкави.
- Добар апетит 🙂
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.
оцени го рецептотЗапомнете:
Колку често сте се обиделе да извадите вкусен пекарски компир од рерна, крцкав одвнатре и надвор и не излезе како што замислувавте и посакувавте?
Да, и ние … неколку пати. 🙂
Оваа варијанта, која ви ја претставуваме во оваа статија, е посна, без глутен, крцкав компир одвнатре и однадвор и е подготвена за само 10 минути.
Со цел да се направи крцкав компир во рерна, по многу експерименти, станавме свесни дека површината на компирот мора да биде груба.
Ова може да се постигне со различни средства, но ние се држиме до едноставната храна што скоро секогаш ја имате во кујната.
Како се добиваат крцкави компирчиња од рерна во домашни услови?
Пченкарното брашно му дава на компирот груба и рапава површина однадвор и ја впива течноста од компирот.
Солта исто така извлекува течност од репките и на овој и едноставен начин сами можете да ги приготвите вашите пекарски компири од рерна, вкусни и крцкави во домашни услови.
По овој обид, повеќе нема да сакате да посегнувате кон масен и длабоко пржен пекарски компир или помфрит.
Ако не сакате да користите пченкарно брашно или ако немате дома, сепак постои решение, но за тоа е потребно малку повеќе време.
Потопете ги веќе исечените компири во солена вода (1 лажичка сол) околу 1 час, исплакнете ги добро пред печење и изгребете ја површината на компирот со вилушка.
Времето за печење може да варира во зависност од рерната и опциите, како и типот на компирот. Откако ќе поминат 20 минути, подгледунавајте во рерната за да видите што се случува. Тие треба да се печени и по 20 минути поминати во рерна, но сигурно не се крцкави и заруменети.
Крцкавиот печен компир може да се сервира како гарнир со разни јадења или едноставно да се јаде со салата и намази по желба.
Овој пат се почестивме со домашен, посен мајонез. Мммм…тоа беше навистина вкусно. 🙂
Која е вашата најдобра варијанта за пекарски компир? Крцкав однадвор и мек одвнатре или целосно крцкав?
Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂
Следете не на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.