Веганска туна? И секако целосно без риби? Добро, ова е намаз од наут, лесен за подготовка, совршено кремаст и многу вкусен.
Оваа салата има изглед на салата од туна и вкус не толку типичен на туна, туку повеќе суптилен вкус на риба. Но, сепак ќе им се допадне и на оние кои не го сакаат или сакале вкусот и мирисот на рибата а истовремено ќе ги збуни и воодушеви љубителите на риба. 🙂
Веганска „туна“ салата
опрема
- Процесор за храна или кујнска машина
- Лажица за подготовка на пире од компири или вилушка
- Длабок сад и силиконска мешалка
Состојки
- 160 гр наут конзервиран или домашен
- 1 нори лист - алгини листови за суши
- 1 лажица сусамов таан
- 1 лажица посен мајонез
- 1 лажичка сенф
- ½ лажица сок од лимон
- сол и црн пипер
- 1 кромид ситно - сецкан
- 3 кисели краставици - ситно сецкани
- 1-2 целер
Начин на подготовка
- Исечете го нори листот (лист за суши) што е можно пофино или процесирајте го во процесор за храна додека не добиете снегулки и оставете го настрана за подоцна.
- Ставете го наутот во подлабок сад и прогмечете ги со вилушка или лажица за подготовка на пире од компири. Или пак ставете ги сите состојки во процесорот за храна и пирирајте кратко. Смесата треба да биде груба и подобро е ако цели зрна наут се видливи.
- Додадете сусамов таан, мајонез, сенф, сок од лимон и нори листот. Измешајте во процесорот за храна со само неколку вртења.
- Исечете го кромидот, киселата краставица и целерот и измешајте ги со целата смеса со силиконска лажица.
- Салатата е подготвена и може да се конзумира веднаш, на свеж леб, со зеленчук или како додаток на пекарски компир.
- Во тегла со херметичко затворање, салатата ќе остане свежа во фрижидер околу една недела.
- Добар апетит! 🙂
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.
оцени го рецептотЗапомнете:
Наутот е основата на оваа веганска „туна“ салата. Во други, постари објави на блогов, веќе напишавме многу за наутот, ако ве интересира, погледнете ги следниве рецепти: хумус од наут, кари од тиква и наут со спанаќ или посен чоколаден мус.
Листот нори е морска алга за јадење што се суши, подоцна се пече и се продава како листови слични на хартија. Имаат вкус на риба, јатки и може да се консумираат без да се готват. Тие имаат многу минерали и витамини како Б1, Б2, ниацин, Ц и Б12.
Посниот мајонез секогаш го подготвуваме сами дома, бидејќи само така можеме да бидеме сигурни од кои состојки е подготвен.
Додадете целер сечен на коцки, сецкани кисели краставички, млад кромид или ситно сечкан стар кромид и добро измешајте. Сето ова прави одличен и крцкав вкус. Слободно додадете ги вашите омилени зачини и зеленчуци.
Внимателно додатете мајонез, сенф и сок од лимон и промешајте. Додадете малку сол и бибер по вкус и чувајте ја салатата во фрижидер!
Ако имате свежи билки при рака, додајте ги! Не плашете се да додадете од омилената мешавина зачини.
Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂
Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.💚