Здрава слатка закуска која се состои само од неколку состојки, да е вкусна, да не содржи рафиниран шеќер, да е посна, по можност исто така и без глутен? Постои ли воопшто такво нешто? Да, постои таква закуска и токму во овој текст ќе ви ја откриеме рецептата за бомбици од урми и какао. Тие се подготвуваат многу брзо, без печење, само со процесор за храна. Тие се совршени за во природа, за на работа или како подарок направен со многу љубов и внимание. Дополнителниот вкус на чоколада ве тера да сакате повеќе и претставуваат вистинска опасност од зависност 🙂
Бомбици од урми и какао
опрема
- Процесор за храна
- Сад за чување
Состојки
- 100 гр урми или паста од урми
- 40 гр лешници
- 20 гр овесни снегулки - опционално снегулки без глутен
- 1-2 лажици протеински прав - опционално
- 15 гр какао во прав
- 1 лажиче паста од ванила - или екстракт
- 1 прстофат сол
- Какао во прав - мелени или сецкани ореви, лешници, бадеми, снегулки од кокос за валање
- 1-2 лажици вода по потреба
Начин на подготовка
- Накиснете ги урмите во вода по можност од претходната вечер или барем 2-3 часа.
- Или 15 минути во врела вода.
- Лешниците ситно исецкајте ги или грубо мелете ги со процесорот за храна.
- Веќе накиснатите урмите процедете ги добро и измешајте ги со сите останати состојки во процесорот за храна додека не добиете хомогена смеса.
- Ако смесата е премногу цврста и не се лепи заедно, додадете 1-2 лажици вода или ако смесата е премногу мека, додадете 1-2 лажици овесни снегулки.
- Смесата треба да биде леплива, но исто така и лесна за формирање. Ако сте трпеливи, ќе се формира голема топка. Ова навистина се случува. 🙂
- Обликувајте ја смесата во топчиња со саканата големина.
- Веќе формираните топчиња извалајте ги во какао во прав, сецкани лешници, ореви, бадеми, кокос или грубо мелени овесни снегулки.
- Добар апетит 🙂
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.
оцени го рецептотЗапомнете:
Кога станува збор за името, сè уште не сме согласни дали нашата креација се бомбици, пралине, топчиња за енергија (Еnergy Balls), топчиња со протеини (Protein Balls), здрави топчиња од какао и урми, бидејќи тие всушност можат да бидат сè истовремено 🙂
Модерните термини не ги сакаме толку многу 🙂 Затоа оваа задача ви ја препуштаме вас, да ги нарекувате како што ви милува душата или како налагаат потребите 🙂
Комбинацијата од урми, лешници, какао во прав и евентуално протеински прав ги прави топчињата одличен извор на енергија што може да се користи дури и пред или после вежбање.
Бидејќи не содржат рафиниран шеќер или не здрави масти, тие се многу здрави, ја зголемуваат енергијата и можат да се јадат во големи количини;)
Добро, не претерувајте, дури и најздравата храна во големи количини не е здрава 🙂
Ние скоро секогаш ги користиме урмите Медџол, бидејќи тие имаат мека кожа и обично можете да го скратите процесот на накисување. Со помош на процесор за храна, тие лесно можат да се претворат во паста од урми.
Лешници или други јаткасти плодови?
Постојат многу експерименти во нашите рецепти и затоа сите количини или состојки може да се прилагодат на вашите потреби и желби.
Секогаш е важно да се внимава на пропорциите, приближноста и конзистентноста на состојките.
Во теорија, можете да ги користите сите јаткасти плодови за овој рецепт, секогаш започнувајќи со мала количина и додавајќи сè повеќе и повеќе. Некои јаткасти плодови, како што се оревите, се многу мрсни и посакуваната конзистентност може да се постигне со само мала количина.
Протеинскиот прав (само на растителна база) е опционален, бидејќи многу луѓе не го сакаат или воопшто го немаат, но други, како нас, го земаат наместо енергетски пијалок за време на вежбање.
Количината на какао во прав исто така може да се прилагоди, само обрнете внимание на тоа каков вид какао имате дома и колку е горчливо. Не правете ги бомбиците премногу горчливи, тие имаат добар чоколаден вкус дури и со наведената количина;)
Ако големината на топчињата е многу важна за вас, најдобро е да користите лажичка за сладолед за порционирање.
Ние ги правиме од слободна рака и обично излегуваат исти 🙂
Претходно формираните топчиња можат да имаат различни “декорации” со валање во какао, сецкани или мелени јаткасти плодови по ваш избор, семе од сусам, грубо мелени овесни снегулки, снегулки од кокос или што уште ќе ви дојде на памет и мора да се искористи.
Луксузната варијанта би била, да се облијат со топено посно чоколадо, но тогаш ќе изгубат некои од горенаведените карактеристики, како екстра здрави и погодни за пред и после спорт. 🙂
Колку време можат да се конзумираат топчињата?
Овие здрави топчиња може да ги чувате во фрижидер до 10 дена, но и да ги замрзнете неколку недели. Ако ги замрзнувате најдобро е делот со валање да го прескокнете и кога ќе ги одмрзнете за користење тогаш да ги декорирате ама и не морате. 🙂
Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂
Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.