Кој е најдобриот дел од колачот со крцкави трошки на површината? Секако, крцкавите трошки! Колку често и да го приготвувате овој вид на колач секогаш само ќе посакувате да има помалку од другите делови и повеќе (многу, многу повеќе) од крцкавите трошки од горе. 🙂

Ако крцкавите трошки се вашиот омилен дел од колачот, тогаш оваа посна варијанта на колач со црвени плодови и крцкави трошки дефинитивно ќе биде вашиот омилен рецепт.

Посен колач со црвени плодови

Колачот од плех е лесен за подготовка, добро се порционира и без проблеми може да се замрзне. Без некое посебно искуство за печење или кујнски прибор, колачот со бобинки од плех се пече за многу кратко време.
време на подготовка15 minutes
време на печење20 minutes
целосно време на подготовка35 minutes
Десерт, Колач
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsколач, Колач од бобинки, посен колач од бобинки

опрема

  • Плех и хартија за печење
  • Сад за мешање на тестото

Состојки

За тестото:

  • 500 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 1 пакување сув квасец или ½ коцка свеж квасец
  • 150 мл сончогледово масло
  • 1 пакување прашок за пециво
  • 400 мл вода - млака

За филот:

  • 200 гр бобинки - рибизли, грозје, малини, боровинки, цреши, вишни … свежи или замрзнати

За трошките:

  • 200 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 150 гр маргарин

За глазурата:

  • 150 гр шеќер во прав
  • 2 лажици вода или лимонов сок

Начин на подготовка

  • Во сад измешајте ги сите суви состојки за тестото и додадете ги маслото и водата.
  • Добро измешајте со маталка или рачен миксер за да се добие густо тесто. Тестото треба да биде густо и малку течно.
  • Обложете плех со хартија за печење и распоредете го тестото подеднакво.
  • Овошјето распоредете го како што сакате.
  • За крцкавите трошки, ставете го брашното со шеќер и маргаринот на собна температура во сад и месете додека смесата не стане ронлива.
  • Ронливото тесто распоредете го врз овошјето.
  • Печете околу 20 минути на 170 степени со циркулирачки воздух..
  • На крај додадете ја глазурата.
  • Добро спакуван колачот може да остане свеж во фрижидер до 5 дена. Или до неколку недели во замрзнувачот.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Зaпомнете:

На прв поглед колачот со бобинки и крцкави трошки не изгледа како нешто посебно, но штом ги ставите крцкавите трошки со овошна нота и пријатно сладка глазура да се стопат во устата, брзо ќе се предомислите. 🙂

Според нашето искуство, со ова тесто нема разлика дали се користи сув или свеж квасец. Кога користите свеж квасец, се препорачува само да се раствори во малку млака вода и да се додаде во сувите состојки.

Тестото што се создава тука е малку течно, но сепак мора да го распоредите добро со лажица во плехот за печење. Оставете го да порасне неколку минути и во меѓувреме подгответе ги трошките. Тестото од горенаведените состојки е доволно за колач во плех за печење од околу 38 см x 38 см или можете да го распределите на два помали калапи за торта или да ги прилагодите количините така што да се вклопи во вашиот кујнски прибор. По печењето, тестото станува многу меко и ровко на долниот дел и крцкаво на грниот дел. По потреба може да користите и брашно без глутен.

Зошто количината и видот на овошјето се важни?

Количината на бобинки може да варира во зависност од вашите желби. Поголема количина на овошје е навистина вкусно, но запомнете дека тие исто така ослободуваат многу течност за време на загревањето и со тоа го прават тестото малку посочно (влажно).

Варијантата со бобинки ја имаме испробано неколку пати, со секој вид на овошје оддлно или со мешавина, со праски сечени на тенки резанки, со јаболка и сите тие опции се покажаа беспрекорни во однос на корелацијата на состојки и влажност на тестото.

Трошките можете со прстите да ги распоредите врз овошјето и колку поблиску и повеќе, толку подобро, бидејќи тие кога се печени стануваат крцкави и вкусни. Процесот на карамелизација на шеќерот ги прави трошките да бидат посебно крцкави. Важно е трошките да не лепат едно до друго, затоа што маргаринот за време на печењето се растопува и тие добиваат на волумен и сами по себе ќе доближат. 🙂

Водата за глазурата може да ја замените со сок од лимон или млеко од растително потекло по ваш избор. На почетокот додавајте по малку од течноста и мешајте истовремено. Добиената смеса може да биде и погуста.

Овој колач од бобинки со трошки е совршена летна торта која е крцкава, овошна и сочна истовремено. 🙂 Со глазура од лимон дава уште поголем освежителен вкус. 🙂

Колачот може да биде херметички запечатен и замрзнат во замрзнувач до 3 месеци.

Но, секогаш е важно да го конзумирате на собна температура.

Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.