Дали сте обожаватели на Сникерс? Не можете да најдете разумна веганска варијанта и немате многу време или желба да готвите или печете? Тука сте на правото место! Во оваа објава ќе ви покажеме како можете сами да направите посни Сникерс пралине од неколку едноставни состојки и без печење.

Ние обожаваме Сникерс и никогаш не сме сретнале некоја варијанта на Сникерс која не ни се допаднала по вкус, но сепак имаме посебни чувства кон овие чоколадни Сникерс пралине направени од урми исполнети со путер од кикирики и цели кикирики. Тие се слатки, солени, посни, со јаткаст и супер декадентен вкус кој овозможува пријатно задоволство.

Посни Сникерс пралине

Веганските Сникерс пралине се погодни како десерт, закуска, пред или по вежбање, како подарок и секако за да ги воодушеват другите. 🙂 Тие се приготвуваат многу брзо од многу малку, едноставни состојки без печење.
време на подготовка30 minutes
целосно време на подготовка30 minutes
Десерт
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, посен сникерс, посно, посно пралине, посно сникерс пралине, сникерс, урми

опрема

  • Сад за топење на чоколадо
  • Плех и хартија за печење

Состојки

  • 20 урми Меџол
  • 100 гр путер од кикирики - крцкав
  • 100 гр веганско чоколадо
  • 1 лажица масло од кокос
  • 1 лажица млеко од растително потекло
  • 1 прстофат сол
  • 20-40 парчиња кикирики – по избор

Начин на подготовка

  • Исечете ги урмите од страна на долго и многу внимателно отстранете го јадрото.
  • Наместо семката, урмите наполнете ги со крцкав путер од кикирики и 1-2 цели кикирики.
  • Исполнетите урми со путер од кикирики и кикирики ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
  • Во меѓувреме, чоколадото, кокосовото масло и растителното млеко може да се топат на водена пареа на многу мал оган.
  • Следно, веќе наполнетите урми ги потопувате во растопеното чоколадо, добро ги цедите и ги враќате на плехот обложен со хартија за печење и ги оставате да се стврднат на собна температура.
  • Украсете ги со сецкани ореви додека сеуште се топли или посипете со друг вид на чоколадо или веганска карамела кога целосно ќе се излади.
  • По сушењето, тие се подготвени за уживање.
  • Спакувани херметички и во фрижидер, тие ќе останат свежи до 2 недели.
  • Добар апетит! 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Сакаме путер од кикирики, кикирики, чоколадо, урми и сладок-солен вкус. Исто така, поради недостатокот на пазарот на вегански Сникерс, моравме да ги засукаме ракавите и да се фатиме со работа во кујната. 🙂 Работите можат да ескалираат и да станат малку чоколадно неуредни. 🙂

Овие колачиња се многу погодни за веганска или без глутенска исхрана. И за спортистите секако. Сепак, тие не треба да се јадат во изобилство бидејќи се калориска бомба од маснотии и јаглехидрати. 🤪
Содржината на маснотии во путерот од кикирики е многу голема поради големата содржина на кикирики и масло.
Урмите се богати со антиоксиданти кои можат да имаат добро влијание врз здравјето на луѓето. Содржат голема количина на шеќер од глукоза и фруктоза, но за разлика од изолираниот шеќер кој се наоѓа во многу слатки, тие се поздрави.
Се разбира, ова е можно само ако јадете во соодветни количини. Сепак после ова појаснување, немојте да го изгубите апетитот. 🤪

Кој фил со путер од кикирики има најдобар вкус?

Филот со путер од кикирики се состои само од крцкав путер од кикирики, сецкани кикирики и малку сол по желба.
За експериментот да добие други размери, можете да го измешате путерот од кикирики со малку течен засладувач, но подобро е прво да го вкусите, бидејќи урмите се многу слатки.

Цели или сецкани кикирики може да го збогатат вкусот на урмите со што ќе им дадат дополнителна крцкавост и незаборавен залак полн со енергија.

Најдобар начин да се подготви чоколаден прелив!

Често ни се случуваше чоколадната глазура веднаш по сушењето да добие бели линии или „мозолчиња“ и едноставно не изгледаше толку убаво повеќе. И покрај толку многу напор, секогаш се случување кога сакавме да подариме некој деликатес. Навистина штета и многу непријатно.
После неколку обиди успеавме во резултатот. 🙂

Тајната е, чоколадото да се топи многу бавно и на многу тивок оган со малку кокосово масло и млеко од растително потекло и после преливањето да се остави глазурата да се стегне на постојана собна температура. Внимавајте, капки од пареата или вода да не дојдат во допир со чоколадото.

Во конкретниов случај, во чоколадната глазура можете да додадете малку сол по вкус.

Декорација на пралине!

Декорацијата е секогаш личен и избор на вкус. Слатките можат да бидат покриени едноставно со чоколадна глазура или многу декадентно со многу кикирики и дополнително чоколадо.
Во нашиот случај, Сникерс пралине од полнети урми со путер од кикирики, после бањата во топено чоколадо може да се извалкаат во сецкани или мелени кикирики додека сè уште се меки и чоколадни. Или едноставно посипете со сецкани или цели кикирики од горе. Ако сметате дека веќе искористивте премногу кикирики, тогаш користете ги омилените јаткасти плодови.

Многу едноставна опција е да посипете малку јадра сол врз слатките за да го неутрализирате сладокиот вкус. Но внимавајте, ако веќе сте ставиле сол во топената чоколада или филот тогаш не претерувајте во количините на сол, затоа што може да добиете малку одвратен вкус. Ако се одлучите да неутрализирате со сол, тогаш ви препорачуваме една од трите опции да искористите.

Па ако не ви беше доволно чоколадо, тогаш посипете уште повеќе чоколадо со малку сол врз нив. 🙂

Во моментов многу ми е тешко да пишувам, затоа што многу вода ми се собира во устата. Тие се премногу вкусни. 🤪

Како да ги чувам посните Сникерс пралине?

Кога ќе се оладат и стврднат, чоколадите се оддржуваат свежи до 2 недели кога се спакувани херметички.
Не тестиравме на подолго време затоа што тие не живееја подолго од ова. 🙂
Промената на температурата може да го смени изгледот но и вкусот на чоколадниот слој.
Замрзнувањето исто така би функционирало, ние не би препорачале подолго од 3 месеци, бидејќи сите вкусови и хранливи материи можат да исчезнат.

Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.💚

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.