Во потрага по рецепти кои не предизвикуваат грижа на совеста додека јадете и потоа сеуште можете  добро да се чувствувате, дојдовме до овој рецепт после неколку обиди: посни колачиња со урми, бадеми и таан. 

Тие се состојат само од неколку состојки, посни се, без глутен и брзо се прават. За подготовка потребен ви е само процесор за храна или миксер и рерна. Колачите имаат бадемов и на места пријатно соленкаст вкус. Урмите даваат доволно сладост, без да има потреба да се користи рафиниран шеќер.

Посни колачи со урми, бадеми и таан

Колачите со урми, таан и бадеми може да се класифицираат во категоријата на здрави закуски бидејќи не содржат рафиниран шеќер, а содржат многу малку маснотии.
време на подготовка15 minutes
време на печење10 minutes
целосно време на подготовка25 minutes
Бисквити, Колачи
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбадеми, без глутен, колачи со урми, бадеми и таан, посни бисквити, посни колачи, урми
Порции: 15 Парчиња

опрема

  • Процесор за храна
  • Плех и хартија за печење

Состојки

  • 10 урми без семки
  • 2 лажици таан
  • 120 гр ситно мелени бадеми
  • 1 лажица нишесте од компир или пченка или било кој друг вид што го имате дома
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • ¼ лажиче лажиче јадра сол
  • ½ лажичка екстракт или паста од ванила
  • 2 лажици лажици вода

Начин на подготовка

  • Оставете ги урмите на кратко во врела да омекнат, исцедете ги добро и ставете ги во процесорот за храна.
  • Додадете го таанот и мешајте додека не се формира кремаста смеса.
  • Измешајте ги сите други состојки во процесорот за храна.
  • Од време на време промешајте ги остатоците од состојките насобрани по ѕидовите од садот со силиконска или дрвена лажица за мешање и продолжете со мешање во процесорот за храна.
  • Мешајте додека не добиете леплива, голема топка.
    brauner Keksteigkugel
  • Загрејте ја рерната на 160 степени со циркулирачки воздух.
  • Со рацете обликувајте го тестото во мали топчиња.
  • Топчињата се тркалаат во сецкани или мелени бадеми и се ставаат на плех обложен со хартија за печење.
  • Внимателно притиснете ги веќе формираните топчиња со рака, силиконска или дрвена лажица или рамно дно на чаша за пиење, така што тие ќе добијат рамна форма.
  • Ставете го плехот за печење во рерна 10-12 минути.
  • Колачињата се готови кога ќе добијат златно-кафеава боја.
  • Допирајте ги откако ќе се оладат, бидејќи лесно се кршливи.
  • Комплетно оладени и во херметички сад со хартиена подлога, колачињата може да се чуваат во фрижидер околу една недела.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Нас не ни треба многу убедување за  да почнеме да печеме колачи, желбата и љубопитноста да откриеме нови вкусови нè води да експериментираме во кујната 🙂

Комбинацијата од урми, бадеми, таан, сол и ванила ги прави овие колачиња посебни. Не можеме да одлучиме кој вкус најмногу преовладува. Тие не се особено слатки, солта им дава посебен вкус, бадемите и пастата од сусам се одговорни за јаткастиот и кремаст вкус на колачите.

Зошто е важно урмите да киснат во врела вода и кои бадеми треба да ги користите?

Накиснувањето на урмите во врела вода се препорачува во скоро секој рецепт но, не е секогаш потребно. Ако лушпата на урмите е тенка и влажна, нема потреба да ги натопувате. Соодветната влага ги прави колачите крцкави однадвор и меки одвнатре.

Најдобро е да се купат непакувани урми, бидејќи тие обично се многу свежи и не се загадени со амбалажни фолии.

Дали ќе користите бадеми со кожичка или бланширани за овој рецепт, зависи од вас. Некои го сакаат интензивниот вкус на бадемот додека  други го претпочитаат суптилниот вкус. Ако вашиот процесор за храна или миксер има можност да меле јаткасти плодови, можете да ги купите бадемите цели и сами да го одредите степенот на мелење, а со тоа и да го интензивирате вкусот на бадеми во колачите и да додадете дополнителна крцкавост одвнатре. Предходно можете да ги потпечете во рерна или во тава без масло.

За овој рецепт претпочитаме нишесте од компир, бидејќи врзува добро и не ја прави лигава смесата.

Доколку “тестото” не се соединува, тогаш додадете уште една лажица вода.

Во овој рецепт може да се користи и ситно мелена морска сол, но на овој начин ви недостасува изненадувачкиот соленкав вкус, кој се јавува само на места со јадра сол.

Која големина е најдобра за формирање на колачите?

Топчињата полесно се обликуваат со влажни раце. За порционирање можете да користите кафена лажица или лажица за сладолед, во зависност од големината на колачите што сакате да ги добиете.

Кога печете, бидете внимателни кога ќе дојде десеттата минута, тие ќе се затемнат многу брзо, освен ако не ги сакате малку повеќе подпечени. 🙂

Овие колачи се многу вкусни и здрави, но секако не треба да јадете тони од нив без да размислувате. 😉

Со различни зачини до колачи за секоја сезона и пригода!

Во зависност од сезоната во која се печат колачите, зачини како цимет, ѓумбир во прав, свеж ѓумбир, кардамон, свеж ѓумбир или рендана кора од портокал секогаш можат да го рафинираат вкусот.

Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.