Многу одамна, оваа чоколадна салама мајка ми често ja приготвуваше  за секоја пригода.

Вкус кој не се повторуваше и секој пат изненадуваше. Од денешна гледна точка, не можам со сигурност да потврдам на што се должела таа разноликост. Дали се должела на можностите, вкусовите или едноставно на желбата за експериментирање.

Но, сите варијации имаа многу добар вкус и изненадувањето што секогаш не очекуваше го правеше исчекувањето уште повозбудливо за нас децата. 🙂

И ние ви ја даваме и оваа можност. 🙂 Во оваа објава ви ја покажуваме нашата омилена чоколадна салама со бисквити, јаткасти плодови и суво овошје, што не содржи дополнителен рафиниран шеќер, не се пече и е погодна да задоволи различни вкусови.

Веганска чоколадна салама со бисквити и јаткасти плодови

Оваа чоколадна салама со бисквити и јатки може да се подготви многу брзо и лесно без печење. Таа е посна и без глутен доколку е потребно. Овој чоколаден десерт се состои од многу едноставни состојки и може да се прилагоди на вашиот сопствен вкус користејќи ги омилените јатки и суви овошја.
време на подготовка20 minutes
1 day
Десерт
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, посна чоколадна салама со бисквити, јаткасти и суви плодови, чоколадна салама, чоколадна салама со бисквити

опрема

  • Сад за мешање
  • Кујнска хартија

Состојки

  • 120 гр посни бисквити
  • 50 гр јаткасти плодови по избор
  • 50 гр суво овошје по избор
  • 150 гр посно чоколадо
  • 4 лажици растително млеко
  • 2 лажици кокосово масло
  • 1 лажичка арома од рум или вистински рум – по избор
  • Малку шеќер во прав - какао во прав или кокосови снегулки

Начин на подготовка

  • Со помош на дланките скршете ги бисквитите на мали парчиња.
  • Јатките потпечете ги во тава без масло и грубо исечкајте ги со нож.
  • Сувите плодови исечете ги на мали коцки.
  • На водена пареа загрејте ги чоколадото, кокосовото масло, растителното млеко и оставете ги да се стопат.
  • Измешајте ги сите состојки заедно.
  • Ставете ја смесата на лист хартија за печење или прозирна кујнска фолија и формирајте еден вид на колбас. Краевите заврзете ги добро, така што ќе ја оддржуваат формата на колачето.
  • Оставете ја ролната да се стегне во фрижидер преку ноќ.
  • Хартијата или фолијата извадете ја од ролната и поросете ја со шеќер во прав, какао во прав или кокосови снегулки и исечете на парчиња дебели околу 1 см.
    chocolate salami i na peace on a wooden plate
  • Уживајте во чоколадната салама со шолја кафе или чај.
    chocolate salami in a peace covered with powdered sugar on a wooden plate
  • Чоколадната салама може да се чува во херметички затворен сад во фрижидер најмалку 2 недели.
  • Добар апетит! 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот
chocolate salami slices

Запомнете:

Овој специјалитет потекнува од италијанската (Salame al Cioccolato) и шпанската област. Неговата популарност ја достигнува во 1970-тите години. Ова веројатно се должи на комбинацијата од посебната арома на чоколадото и печените јатки. И како врв на се, се подготвува многу брзо и без печење.

Во зависност од сезоната за да се интензивира вкусот, прстофат на ароматични зачини нема да е на одмет. За време на Божиќната сезона додатете малку цимет или каранфилче во прав и со десертот ќе овозможите Божиќна магија и чувство на дома.

Кои јаткасти плодови и суво овошје се најдобри за чоколадната салама?

За прикажаната верзија на нашата чоколадна салама користевме бадеми сечени во ленти и малку ситно исецкани лешници. Цели јатки исто така се многу добри за изгледот.

За да постигнете подобар вкус и дополнително крцкав загриз, малку потпечете ги избраните јатки во тава без масло.

Кои јатки ќе ги користите зависи од вас и повеќе или помалку од изборот на суво овошје. Иако досега ниту една комбинација не се покажа како погрешна или непријатна. Наместо тоа, проблемот беше што ролната беше изедена пребрзо. ;).

Кое суво овошје во комбинација со чоколадо и бисквити има најдобар вкус?

И тука не можеме да ви дадеме прецизен одговор, бидејќи скоро сите видови на суво овошје можат добро да се комбинираат со чоколадо. Јатките и бисквитите даваат дополнителна крцкавост при загризот. Внимание, опасност од зависност! 🙂

Ние многу често комбинираме суви смокви, кајсии, суво грозје или брусница. Ако се мешаат неколку сорти, потрудете се барем едната сорта да дава повеќе влажност, друга повеќе крцкав загриз и останатата го збогатува изгледот.

Најдобар избор за бисквити!

Бисквитите му даваат крцкавост и леснотија на десертот. Сепак, тие треба да имаат средна дебелина, бидејќи тенки бисквити може да се распаднат во смесата. Изборот на бисквити не треба да биде да падне на претенки или премногу дебели.

За чоколадната салама од фотографијата користевме бисквити со какао и ролната немаше долг живот. 😉

Обликување!

На готовата смеса можете да и дадете било каква форма. Се сеќавам дека во минатото имајка ми имаше дури и посебни форми за овој вид десерт. Формата на салама лесно може да ја добиете со хартија за печење, но за жал ќе биде полесно и пофино со прозирна фолија. Во овој момент, ние би сакале да споделиме една тајна со вас. За да ја направиме чоколадната салама пивлечна за леќата на фотоапаратот, користевме проѕирна кујнска фолија. 🙁 Овој пат свесни и со грижа на совеста дека околината нема да ни биде благодарна за тоа.

Заклучок: чоколадната салама изгледа најдобро со проѕирна кујнска фолија, но за секојдневна употреба користиме хартија за печење.

Како најдобро да ја чувате чоколадната салама!

Со цел чоколадната салама да трае што е можно подолго (ако воопшто ја оставите да трае :)), треба да се чува на постојана температура. По можност во фрижидер.

Спакувана херметички во фрижидер, ќе се оддржи свежа најмалку две недели без да го промени вкусот или бојата.

Замрзнувањето на чоколадната салама исто така добро ќе функционира, но оставете ја да се одмрзне во фрижидер најмалку 12 часа и потоа сечете ги парчињата. Секако, не замрзнувајте ја подолго од 3 месеци, бидејќи сите ароми и вкусови ќе исчезнат.

Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.💚

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.