Колку се повеќе се приближуваше Денот на планетата Земја, толку повеќе идеи ни доаѓаа на памет на кој наш начин со нешто посебно, истовремено убаво и оддржливо да оддбележиме денот. 🙂

Одлуката не беше лесна, затоа што ризикот да не ни успее експериментот од прв пат беше голем и немаше да имаме материјал за објава на рецептот. 😉

Ама како што гледате експериментот беше успешен, рецептот и рачната, креативна работа исто така. 😉

Во оваа објава ве запознаваме со нашиот рецепт за колачиња подготвени во чест на Денот на планетата Земја, кои се направени од класично тесто за колачиња или бисквити со дадена прехрамбена боја.

Бисквити за Денот на планетата Земја

Бисквитите со изглед на планетата Замја, а на правени во чест на Денот на планетата Земја се многу вкусни, крцкави и ги прават вашите очи да јадат истовремено. Направени се од посно тесто за класичните божиќни колачи и прехрамбена боја и ако знаете како да го приготвите тестото за многу кратко време колачите ќе бидат готови. 🙂
време на подготовка10 minutes
време на печење30 minutes
целосно време на подготовка1 hour 50 minutes
Бисквити, Колачи
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, веган, посни бисквити, посни колачи, посни колачи со мотив, посно

опрема

  • Сад за месење
  • Плех и хартија за печење

Состојки

  • 150 гр брашно - по потреба и без глутенско
  • 100 гр вегански маргарин
  • 50 гр шеќер во прав - по потреба може и повеќе
  • ½ лажичка паста од ванила по избор
  • ¼ лажичка сол
  • Прехрамбена боја – зелена и сина

Начин на подготовка

  • Измешајте ги сите суви состојки во сад.
  • Измешајте го маргаринот и ванилата со сувите состојки и убаво замесете, така што ќе формирате топче од тесто.
  • Поделете ја топката од тесто на два дела околу 1/3 зелена 2/3 сина, додадете ја соодветната боја и замесете кратко, така што бојата е рамномерно распоредена насекаде.
    ein grüner Mürbeteigball und ein blauer Mürbeteigball
  • Кога двете топки се успешно обоени, спакувајте ги во херметички затворен сад и ставете ги во фрижидер најмалку 1 час.
  • Работната површина поросете ја со брашно и прво расукајте го тестото во сина боја рамномерно со дебелина од 3 – 4 мм.
    blauer Mürbeteig
  • Од зеленото тесто обидете се да ги обликувате континентите што е можно по слично и соодветно да ги поставите на синото тесто.
    blauer Mürbeteig mit grünen Krümmel
  • Притиснете го зеленото тесто со рацете или поминете го еднаш нежно со сукало за да го поврзете тестото заедно.
  • Посакуваните области сечете ги со чаша со дијаметар од околу 5 см.
    ungebackener Earth Day Keks
  • Користете нож за мачкање за префрлање во лехот, внимателно ставете ги круговите што веќе сте ги исекле на плехот обложен со хартија за печење.
  • Повторете го процесот додека тестото не се потроши.
  • Загрејте ја рерната на 180 степени со горна и долна топлина.
  • Ставете го плехот за печење во рерна и печете ги бисквитите околу 10 минути.
  • Оставете ги да се изладат целосно и потоа допирајте ги.
    blauer Keks mit grünen Flecken
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Денот на планетата Земја се слави секоја година од 1970 година под мотото: „Мисли глобално, дејствувај локално“. На 22 април во над 175 земји во светот. Всушност, секој ден е „Ден на планетата Земја“, само овој посебен ден треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за последиците од нивното однесување како потрошувачи и да дејствуваат одржливо и одговорно.

Повеќето рецепти што можевме да ги најдеме за колачињата за Денот на планетата Земјата на интернет, доаѓаат од Северна Америка, бидејќи таму овој ден се слави во големи размери.

За жал, скоро сите примери на рецепти беа со готови мешавини за печење и воопшто немаше веганска варијанта. Толку од одржливоста. 🙁

Ние сакавме нашиот рецепт да биде разумен, оддржлив и по можност да ги исполнува сите наши критериуми за одржливост, па затоа експериментиравме малку. Поради краткото време, потребен ни беше безбеден рецепт за кој не е потребно многу време за подготовка. 🙂

Основниот рецепт за колачи или ако повеќе сакате бисквити го адаптиравме на нашите потреби и додадовме сина и зелена прехрамбена боја. Тестото може да се направи ден претходно и преку ноќ или неколку дена да отстои во фрижидер.

За месењето маргаринот треба да биде на собна температура, така што побргу и подобро ќе се комбинира со сувите состојки. Кога ќе се замеси, маргаринот станува помек и полесен за работа, но и малку покршлив кога се расукува ако му дозволите да се стопли. Месењето треба да биде брзо за да се постигне посакуваниот резултат. Или пак најмалку еден час чувајте го тестото во фрижидер пред да го расукате.

Во зависност од тоа каква боја за храна користите, најдобро е да започнете со помалку боја, да се додаде е многу лесно, но ќе биде тешко да се извади. 🙂

Ние најчесто користиме интегрално брашно за нашите рецепти. Ако посакувате поинтензивни бои, тогаш подобро е да користите бело брашно од пченица. Бојата воопшто не влијаеше на конзистентноста на тестото.

Колку колачиња излегуваат од наведените состојки?

Големината на колачињата може да варира, па направете ги токму онака како што ви требаат и најмногу ги сакате. Количината на колачиња зависи од формата и големината која ќе ја користите, нас ни излегоа околу 20 колачиња.

Бевме многу внимателни при печењето и цело време го поминавме пред рерната. 🙂 Во моментот кога почнаа да стануваат кафеави околу рабовите, ги извадивме од рерна. Тоа многу зависи од рерната, ама вие најдобро си ја познавате вашата рерна.

Не обидувајте се да ги допирате колачињата кога се топли, бидејќи тие се уште се меки и многу кревки или рамната форма за време на печењето и подлогата на која се печат може да се извиткаат на рабовите.

Овој проект можеме да го сметаме за успешен, бисквитите повеќе или помалку личат на планетата Земја. 🙂

Секојдневно се обидуваме да ги правиме нашите животи поодржливи за да можеме сите да имаме нешто од земјата уште долго време.

Што ќе правите на Денот на планетата Земја? Доколку сакате да прочитате повеќе информации за Денот на планетата Земја, еве ја кратката приказна и целта на Денот на планетата Земја.

Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.💚

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.