Има многу различни варијанти на хумус и неколку од нив веќе испробавме за да ги споделиме со вас. Основниот рецепт е скоро секогаш ист,  а останатите се разлкуваат по различните главни состојки или мешавината со наут, кои на секој намаз му даваат посебна нота на вкус.

Во овој рецепт би сакале да ве запознаеме со нешто друго освен класичниот хумус. Главната состојка за овој намаз е зелениот грашок.

Посен хумус од зелен грашок

Домашниот хумус може да се подготви брзо и лесно, без конзерванси и е погоден за различни пригоди. Без разлика дали сте на забава, роденден, пикник или едноставно како сос за стапчиња од зеленчук секогаш имате брзо решение при рака.
време на подготовка10 minutes
време на готвење5 minutes
целосно време на подготовка15 minutes
Намаз
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, намаз од грашок, намаз од зелен грашок, посен намаз од грашок, посно

опрема

  • Процесор за храна

Состојки

  • 1 чаша грашок - свеж, замрзнат или конзервиран
  • 2 лажици таан - паста од сусам
  • 2 лажици сончогледово масло
  • 2 чешниња лук
  • сок од половина лимон
  • ½ лажиче мелен ким - кумин
  • сол и бибер

Начин на подготовка

  • Ставете го грашокот во тенџере и наполнете го со вода додека не го прекриете грашокот и варете околу 5 минути.
  • Исцедете ја водата, исплакнете го грашокот со ладна вода.
  • Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се добие мазна хомогена смеса. Додадете малку вода или масло доколку е потребно.
  • Гарнирајте по желба, сервирајте веднаш и во најдобар случај уживајте го со свежо печен, топол леб.
  • Остатокот префрлете го во сад кој може херметички да се затвори. Заштитен од надворешни влијанија во фрижидер може да се оддржи свеж цела недела.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

За да направите хумус од зелен грашок ви треба грашок како главна состојка. Грашокот  може да биде свеж, замрзнат или конзервиран. Во зависност од тоа каков грашок користите, само првиот чекор во подготовката се менува. Со свеж или замрзнат грашок како што е објаснето погоре, тој се готви и тоа трае само неколку минути и бојата е исто така многу поинтензивна. Конзервираниот грашок едноставно се процедува и се блендира со преостанатите состојки и потоа хумусот е подготвен.

Ако  намазот ви се чини премногу мрсен, можете маслото да го замените со вода за пиење или водата од зовриениот грашок или водата од конзервата за да ја постигнете саканата кремаста конзистентност.

Количината на зачини можете со задоволство да ја смените и без страв дали е многу и малку. Ама во секој случај почнете со помалку, да додате можете во секое време, но тоа е ваша креација и ваш вкус 🙂

Ви посакуваме многу успех во подготовките и би се радувале да ги видиме вашите креации 🙂

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.