Во последно време ми доаѓаат толку многу идеи за рецепти што не сум ги јадела уште од детството и повеќето од нив се посни без никакви прилагодувања.

Овој рецепт не е баш лесен да го приготвите во домашни услови без да ја доведете кујната во хаос. : P Но, навистина вреди да се направи отстапка за овој рустикален деликатес со вкус на ореви. Наведените состојки се однесуваат на голема тава број 34. Па ако се одлучите да ја користите таа големина, вашето семејство или пријатели ќе ви бидат многу благодарни што сте споделиле со нив. 🙂 Па дури и наредниот ден ќе се израдувате на остатоците. 🙂

редена кора со фил од ореви

Оваа редена кора со ореви е многу вкусна, веганска по природа и може да се направи без глутен доколку е потребно.
време на подготовка1 hour
време на печење1 hour
целосно време на подготовка2 hours
главно јадење, појадок
потекло и регионмакедонски специјалитет
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, веган, кора, ореви, редена кора, редена посна кора со ореви, солена редена кора со ореви

опрема

  • Дрвено сукало
  • Тава
  • Сад за месење тесто
  • Тенџере и кутлача

Состојки

За тестото:

  • 1 кг брашно
  • ½ лажиче сол
  • 250 мл вода

За филот:

  • 250 гр ореви
  • 10 лажици неутрално масло
  • 1 лажиче сол
  • 1,5 литри вода

Начин на подготовка

  • Измешајте ги брашното и солта, додадете ја водата и замесете тесто.
    5 ungebackene Teigbällchen
  • Обликувајте го тестото на 6 еднакви топчиња и со сукало тенко расукајте го тестото, приближно колку големината на тавата за печење.
    ein sehr dünn ausgerollter, runder Teig mit einem sehr dünnen Nudelholz
  • Расуканите кори потпечете ги на шпорет на дрва или на ринглата од електричниот шпорет. Подпечете од двете страни.
    ganz dünn ausgerollter und auf einem Holzofen überbackenen Teig
  • Повторете го процесот со сите преостанати топчиња.
  • Потпечете ги оревите и грубо измелете ги со процесор за храна или машина за мелење на јаткасти плодови.
  • Во тенџере ставете ги мелените ореви, маслото, солта и водата и оставете ги кратко да зовријат.
  • Прво исечете го тестото во посакуваната форма и големина или прилагодете го на садот за печење и истурете 1-2 кутлачи од врелиот сос на секој слој тесто.
    cutting backed dough
  • Слој по слој додека не се потрошат сите состојки и садот за печење сè уште има капацитет.
    dünner Teig in einem Kuchenform begoßen mit einer veganen Walnussauce
  • Печете ја кората околу 45 минути со горна и долна топлина.
  • Печете додека одозгора не добиете кафеава и крцкава кора и течноста од дното на садот е испарена
    herzhafter Kuchen in Quadrate portioniert
  • Редената кора со ореви е погодна за појадок, ручек, вечера или измеѓу оброци. Следниот ден исто така нема да можете да и одолеете. 🙂
  • Добар апетит! 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Како што можеби забележавте во описот на чекорите за приготвување, ова е многу стар традиционален рецепт и свесни сме дека моментално сите немаме толку многу време на располагање, наклонетост, па дури и можност да го подготвуваме јадењето како што го приготвувале бабите тогаш. Но, би било штета ако ваквите едноставни рецепти во смисла на состојки, би биле заборавени само затоа што сме премногу зафатени и немаме време да готвиме толку специјални јадења.

За среќа, во денешно време има многу работи што можат да се најдат во специјализираните продавници кои ја олеснуваат подготовката на многу специфични рецепти.

Може ли да ги купите корите готови?

Во специјализираните оддели на поголемите супер маркети можно е да најдете 

малку подебело тесто/кори, слично на тоа за баклава – најчесто јуфка тесто. Подпечете ги корите во тава или директно на ринглата од електричниот шпорет и понатаму спроведе го процесот како што е опишано во рецептот погоре.

Готови тортиљи исто така ќе завршат работа, но тие се малку подебели и сосема подруг вид на тесто.

Ако го исечете тестото и го прилагодите на формата, можете едноставно да ги користите остатоците во средината наместо слој, бидејќи тие се премногу добри за да ги фрлите.

Ако користите купено тесто со помал дијаметар, тогаш намалете ја количината за сосот за 50%, затоа што ќе биде премногу течност а со тоа и целата кора ќе биде влажна наместо растресита.

Можете ли да ги замените оревите во рецептот?

Како што веќе прочитавте, овој рецепт традиционално се прави со ореви.

Типичната арома на орев дава специфичен, силен соленкаст вкус и затоа е одличен за солени печива.

Да бидаме искрени, ние никогаш не сме ги замениле оревите досега, но може да замислиме дека може да се заменат 1: 1 со ленено семе или мелено ленено семе. Тие имаат скоро иста количина маснотии и доколку се свежо мелени ќе дадат ист ефект. Во однос на вкусот, сепак, станува збор за сосема друга приказна и конзистенцијата може да биде малку лигава. Пробајте и кажете ни како функционира. 🙂

Тестото може да се направи и до 4 дена однапред, само треба да се чува суво и ладно место., прекриено со памучна крпа.

Најдобро е да го подготвите сосот свеж, бидејќи мора топол да се полива врз корите, така што тие ќе впијат побрзо и подобро ќе ја апсорбираат влагата. Во друг случај, само повторно загрејте ја течноста за филот.

Целосно испечаната редена кора останува свежа 4 дена во амбалажа со  херметичко затворање. Сепак, не треба да се чува топло, инаку од влажноста на тестото во садот ќе се развие кондензација и може брзо да се развијат габи.

Ако ја замрзнете кората, користете ја во наредните 3 месеци, затоа што потоа ќе ги изгуби своите ароми и хранливи вредности.

Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.