Спектарот на зачини е толку широк што понекогаш моментот на избор може да биде премногу возбудлив и неодлучувачки осебено ако не знаете од каде да започнете! Но, штом ќе научите како да ги користите зачините за да го добиете посакуваниот вкус, тоа е веќе како супер сила. 🙂

Честопати, луѓето кога го менуваат начинот на исхрана, тие почнуваат да гледаат на готвењето на нов, друг начин. Повеќето пробуваат нови рецепти или производи, посегнаат по различни книги за готвење, навлегуваат во претходно неистражени кујни или размислуваат како да ја зачинат храната на начин што ќе и даде познат вкус. 

Повеќето готвачи – аматери се запознати со петте основни вкусови на храна: горчлив, солен, кисел, сладок и умами. Сепак, зачините не се вклопуваат само во еден профил на вкус. Зачините истовремено можат на храната да и дадат јаткаст, пикантен, чаден или соленкаст вкус.

Зачините со своите ароми одат толку далеку до постигнување на вкусовите што ги посакувате, без разлика дали се солени, зачадени или пикантни. Кога ќе додадете малку од ова или она, вашиот оброк одеднаш достигнува ново ниво на вкус.

Тука едноставно ви го покажуваме ултимативниот водич за зачини и билки со профил на вкус, идеи за употреба и рецепти.

Како се разликуваат билките од зачините?

Билките се растенија кои се користат за ароматизирање храна. Под билки спаѓаат лисја, цветови или стебла на растението. Тие се многубројни, некои се широко распространети и познати, а за други можеби досега воопшто не сте слушнале!

Зачините се ароматична растителна супстанца која исто така се користи за ароматизирање храна. Додека билки се лисја, цветови или стебла на растенија, зачините можат да бидат било кој дел од растението, вклучувајќи корења, семиња, плодови или кора, но со исклучок на лисјата (лисјата секогаш се сметаат за билки).

различни зачини на ориентален пазар

Кои зачини треба да ги имам во мојата веганска кујна?

Според наше мислење и идеи за рецепти што можете да ги најдете на овој блог, следниве 10 билки и зачини се основа за вкусни, добро зачинети вегански јадења полни со вкус. Секако, има многу повеќе, но не мора да набавувате сè одеднаш. 😉

Лук и кромид

Лукот е одличен за додавање на вкус на секое јадење – особено кога е натопен со маслиново масло и кромид, сосови, но и преливи за салата. Најдобро е да се исецка од свежо чешне лук, но може и да купите претходно сецкан, дехидриран, па дури и лук во прав.

Дали сакате вкус на кромид а да не се мачите да го сецкате на коцки? Кромидот во прав ви помага токму во тоа, но тој исто така додава нешто што се разликува од свежиот зеленчук. Сувиот кромид во прав им додава една посебна ароматична нота на оброците. Се додава во супи, чорби, сосови, паста и во се што ќе ви дојде на памет.

Буковец

Снегулките од мелени феферони се пикантни, вкусни до лути и задолжителни во секоја кујна. Овој зачин не се состои од еден вид на чили, туку од различни комбинации на неколку многу ароматични и лути пиперчиња. Со буковецот го додавате последниот допир на боја и вкус на супи, чорби, сосови, салати или потпечен зеленчук.

Пикантниот буковец одлично се комбинира со лук, оригано, босилек, кумин и коријандер. Користете го со домати, различен зеленчук и компири. Додавајте го во масла, маринади, преливи, сосови или пак пица.

Црвен пипер

Црвените пиперки се топли и слатки на вкус. Црвениот пиперр се користи во германската, унгарската, шпанската, мексиканската, ориенталната и балканската кујна. Црвениот пипер добро се комбинира со лук, буковец, кумин, кардамон и цимет. Користете го со компири, зеленчук и чорби. Додајте го во гулаш или чили син карне. Му дава особен вкус на веганскиот гулаш, печењето од кафена леќа или пак да не говориме за тавче гравче.

Она што можеби не го знаете е дека црвениот пипер се прави од исушена, ситно мелена пиперка. Прашокот е обичен зачин за многу јадења во медитеранската и балканската кујна. Постојат многу варијации на црвен пипер, вклучително и чадена пиперка (што, како што сугерира името има зачаден вкус) и унгарска пиперка (исушена и слатка).

Кумин

Куминот има земјен, чаден и јаткаст вкус. Се користи во оринеталната, шпанската, мексиканската, индиската, карипската и азиската кујна. Куминот најдобро оди со коријандер, буковец, цимет, оригано, ѓумбир, куркума и лук. Најдобро е да се користи со модар патлиџан, домат, компир, кромид, пиперки, наут, леќа и грав. Особена арома дава на различни видови на кари, супи, сосови, чили, ориз, маринади и чорби.

Гарам Масала

Гарам Масала е мешавина од кумин, коријандер, кардамон, цимет, морско оревче, каранфилче, ловоров лист, бибер во зрно, анасон, цвет од морско орвече и сув буковец. Таа е најпопуларната мешавина на зачини во Индија и е идеална за маринади, сосови, кари, зеленчук, салати, намази, грицки и многу повеќе. Гарам Масала најмногу се продава како готов прашок, но во Индија традиционално се меле во ваган со толчник од цели делови на растението непосредно пред употребата.

Ѓумбир

Свежиот ѓумбир е одличен во многу рецепти. Мелениот и сушен ѓумбир има суптилен вкус. Има лесна, пикантна арома и сладок вкус. Ѓумбирот е природна компонента на многу печива, претежно божиќни колачиња и кари, но не заборавајте го користите во сосови или супи.

Куркума

Куркумата има вкус специфичен земјен вкус и е малку горчлива. Додава боја на храна и често се користи во индиската и мароканската кујна. Куркумата одлично се комбинира со ѓумбир, лук, морско оревче, црвен пипер, бибер, анасон, буковец, каранфилче, коријандер, кумин, кари и анасон.

Сенф во прав

Земјената и лута арома е вкусот на сенф кој едноставно е неповторлив. Совршено се вклопува во јадења со компири, салати, сосови, намази и други специјалитети. Сенфот во прав дава лесна топлина и пикантна арома.

Нутритивен квасец (Nutritional yeast)

Снегулките од сушен квасец се разликуваат од активниот и пивскиот квасец по тоа што квасецот се третира термички за да се деактивира и да не се ферментира. Неговата посебна привлечност е релативно високиот профил на вкус, кој е сличен на сирењето и затоа може да им даде на веганските јадења вкус на пармезан.

Нутритивниот квасец е многу добар извор на витамини од групата Б, со исклучок на Б12, иако овој често се додава за подобрување на нивото на Витамин Б12 за да се овозможи баланс со вегетаријанска и веганска диета. Исто така, содржи глутамати, но не и мононатриев глутамат. Од нутритивниот квасец можете многу лесно да креирате вегански пармезан, намаз од моркови со вкус на кашкавал и многу други вегански вкусни рецепти.

Кала Намак

Кала Намак, позната и како црна сол, е специјалитет од индиската кујна. Изненадувачки, оваа сол не е црна, туку розова. Тоа е затоа што започнува како хималајска розова сол.

Позната е по својата висока содржина на водород сулфид и железо.

Кала Намак е особено добра за комбинирање во јадења во кои е потребен вкус на јајца. Така, можете да направите веганска салата од јајца користејќи ја оваа сол. Кала Намак исто така дава особен вкус на салата од боранија, домати и црвен кромид.

Viele Gewürzgläser im Hintergrund hochkant gestellt. Im Vordergrund drei gelegte Gläser mit rotem, seher hellem und brunlichem Gewürz
Зачини во прав

Кој е најдобриот начин за чување на билки и зачини?

Зачините и сувите билки се лесни за чување и траат долго време. Можете да ги чувате во затворен сад или тегла на ладно, темно и суво место. Зачините и сувите билки немаат рок на траење, но со текот на времето го губат вкусот и аромата.

Не мора да ги купувате сите зачини истовремено. Најдобро е да започнете со неколку и да ги пополните повторно кога е потребно, врз основа на рецептите што сакате да ги приготвите.

Запомнете:

Во принцип, не би препорачале целосно да ја наполните оставата или кујнските шкафови, одеднаш, повеќето зачини и суви билки ќе траат некое време, но како и многу други состојки, сепак е најдобро да се користат додека сеуште се релативно свежи. Не трудете се за секој рецепт да ги поседувате сите потребни зачини и билки. На почетокот фокусирајте се на неколку специјалитети кои ги делат истите зачини и полека соберете го опсегот што најмногу одговара на вашите кулинарски интереси и вкусови.

Доколку ви се допадна оваа објава, оставете коментар, следете не на Instagram и Facebook.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.