Од неколку причини сакавме да се обидеме да направиме оризово млеко во домашни услови. Затоа што е лесно да се направи, не се создава отпад, не останува пакувањето, има многу добар вкус и секогаш е без глутен. Покрај тоа, домашно растително млеко е секогаш значително поевтино.
Понекогаш ни е тешко да се одлучиме при изборот на готови производи, бидејќи тие не секогаш ги исполнуваат сите наши критериуми за купување на еден производ. Нас ни е важно состојките да доаѓаат од фер, одржливо и органско земјоделство, да бидат спакувани во одржливо пакување, да содржат што е можно помалку состојки и доколку е можно да не содржат додатоци.
Mлеко од ориз
опрема
- Кујнаска крпа или сито
- Тенџере
- Процесор за храна
Состојки
- 100 гр ориз долго зрно или обичен ориз - бел ориз
- 1,5 литри вода за готвење
- 1 литар млака вода да се меша
- 1 прстофат сол
- Суви урми или други засладувачи - опционално
- Ванила - опционално
Начин на подготовка
- Млекото од ориз не мора да се филтрира, но сепак го филтриравме преку вреќичка за филтрирање на млеко од јаткасти плодови. Сепак, во филтерот речиси нема остатоци. Секако, ова е можно и со кујнска крпа, но за нас тоа беше малку незгодно 🙂 Внимание, течноста е многу топла!
- Херметички затворено, млекото од ориз останува свежо до 7 дена во фрижидер.
- Добар апетит 🙂
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.
оцени го рецептотЗапомнете:
Количината на вода во зависност од видот на оризот може да варира. Водата за готвење се отстранува за млекото да не стане лигаво и лепливо.
Предноста на непроцеденото оризово млеко е во тоа што се зачувуваат сите хранливи состојки и виталните материи на оризот. Ако го процедите млекото, од друга страна, секако ќе отстраните и некои од вредните минерали и витамини.
Важно е водата што се додава во чекорот пред пирирање да биде топла, за оризот да не се олади и не се формираат грутки.
Овој рецепт може да се направи и со интегрален ориз, но млекото тогаш станува погусто, лигаво и е интензивно на вкус.
Млекото од ориз е по природа растително и затоа без лактоза, без глутен, многу вкусно и произведено во домашни услови може да се направи и без шеќер и било какви додатоци.