Во меѓувреме, понудата на растително млеко во различни варијации се зголеми. Олеснетелно е да се знае дека има толку многу растителни алтернативи за купување, но колку е одржливо да купувате храна што можете сами да ја подготвите дома брзо и лесно? Млекото од овес се прави од овесни снегулки и вода за неколку минути, тоа е одржливо и не предизвикува никаков отпад. Остатоците од овес можете да ги искористите за печење леб или со следниот појадок измешајте го во мусли порцијата.

Млеко од овес од сопствено производство

Пијалокот од овес е совршена алтернатива на кравјото млеко, се прави многу брзо и едноставно само од обична вода за пиење и овесни снегулки.
време на подготовка5 minutes
време на киснење15 minutes
целосно време на подготовка20 minutes
овесен пијалок, овесно млеко
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsовес, овесен пијалок, овесни снегулки, овесно млеко
Порции: 1 Литар

опрема

  • Процесор за храна
  • кујнска крпа или газа
  • сито или цедалка за чај

Состојки

  • 200 гр меки овесни снегулки по ваш избор - по потреба и без глутен
  • 1 чаша вода од чешма
  • 1 литар ладна вода - за пиење
  • Засладувачи по желба и потреба - на пр. Суви урми, сируп од агава, кокосов шеќер..
  • 1 прстофат сол
  • Коцки мраз

Начин на подготовка

  • Истурете чаша вода од чешма врз овесните снегулки и оставете да се впие околу 15 минути.
  • Потоа, ставете ги натопените овесни снегулки заедно со ладна вода и коцки мраз во миксер и оставете да се меша 3-4 минути на највисоко ниво.
  • Додадете ја солта и евентуално засладувачите и повторно измешајте накратко.
  • Мешаната маса филтрирајте ја во сад преку вреќичка за филтрирање на млеко од јаткасти плодови или најобична кујнска крпа.
  • Користете инка за да го истурите добиениот пијалок во чисти шишиња и можете да го конзумирате веднаш.
  • Херметички затворено, млекото од овес останува свежо до 7 дена во фрижидер.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Меките овесни снегулки се лесни за обработка, но сепак е подобро да се накиснат во вода пред да се преработат во овесно млеко. Ако овесот не ја апсорбирал целата течност, остатокот може да се исцеди и да се чува во сад за подоцнежна употреба.

Во нашето домаќинство, не се користат засладувачи за овесното млеко и сепак нас ни е вкусно. Но, сето тоа е прашање на вкус 🙂

За пијалокот да не стане лигава материја, многу е важно при мешањето миксерот да не ја загрее течноста. За да се спречи ова, се користи ладна вода и неколку коцки мраз.

Следниот чекор е малку комплексен и ви требаат неколку кујнски предмети како што се чиста крпа за садови, ситно сито или цедалка за чај, или во оптимален случај вреќичка за филтрирање на млеко од јаткасти плодови.

Ако млекото од овес се филтрира на алтернативен начин, прво земете широк сад на кој е поставено ситото или цедалката за чај и одозгора поставете ја крпата за садови. Млекото полека се истура врз крпата и се меша со лажица, за да може побрзо да тече низ ткаенината. На крај, ја земате крпата и ја истискувате целата течност со рацете. 

Остатоците можете да ги користите при печење на леб со овесни снегулки и на тој начин немате никаков отпад што е многу еколошки и оддржливо.

Доколку е потребно, процесот на филтрирање може да се повтори неколку пати додека не го достигнете посакуваниот квалитет.

Процесот со специјалната газа за процедување на млеко од јаткасти плодови е скоро ист само што не предизвикува толкав неред во кујната.

Течноста тече брзо и со едно филтрирање го добивате стандардниот квалитет на овесниот пијалок 🙂 

Ако млекото од овес е малку подебело од очекуваното, додадете му малку ладна вода и промешајте го уште малку  во блендерот и потоа складирајте го во тегла или шише со вакуум затворање.

Пијалокот останува свеж околу 7 дена во фрижидер.

Особено е погоден за појадок во мусли, како пијалок, за печење или за готвење.

За верзија без глутен, можете едноставно да користите овесни снегулки без глутен. Овесните снегулки без глутен испуштаат помалку слуз и го прават пијалокот потенок.

Ние ја користиме водата од натопените овесни снегулки (ако воопшто остане нешто не впиено) и овесот добиен при цедењето на пијалокот за печење леб, така што не предизвикувате никаков отпад. 

Да се ​​направи овесно млеко дома, по себе е многу поздраво затоа што знаете кои состојки велуваат внатре, е еколошки пооодржливо и не предизвикувате никаков тип на отпад.

Информирајте не како поминаа вашите обиди и со задоволство означете не и следете не на Instagram и Facebook 🙂

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.