Посниот Mousse au Chocolat се подготвува многу брзо и лесно, вкусен е, мек, воздушен, чоколаден, се топи во устата и брзо предизвикува зависност за повеќе :)
време на подготовка15 minutesmins
целосно време на подготовка15 minutesmins
Десерт
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
TagsAquafaba, без глутен, Посен Mousse au Chocolat, посно
Порции: 4Порции
опрема
Процесор за храна или миксер за матење
Сад за топење на чоколадо
Состојки
240 млАквафаба - обично од конзерва од 400 гр или домашно варен наут
100gтемно посно чоколадо - (најдобро 70% какао)
1лажица сок од лимон - свежо исцеден
Малку сируп од агава - јаворов сируп, суви урми или шеќер (по избор)
Начин на подготовка
Водата од варениот наут (Aquafaba) и лимонот ставете ги во блендер или процесор за храна.
Матете неколку минути (со додатокот за шлаг ако кујнската машина го има), во зависност од уредот, може да биде побрзо или побавно. Бидете трпеливи, може да потрае и до 10 минути. Или наједноставно со миксер за матење. :)
Избор: додајте ги засладувачите и продолжете со матењето доколку е потребно.
Во меѓувреме, стопете го чоколадото со помош на пареа и оставете да се излади кратко.
Измешајте го чоколадото со посниот шлаг, користејќи силиконска мешалка. Не плашете се ако масата изгуби малку на волумен.
Истурете го мусот во саканиот сад и оставете да се излади во фрижидер најмалку 3 часа. Подобро е ако остане преку ноќ во фрижидер.
Добар апетит :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.