Домашниот хумус може да се подготви брзо и лесно, без конзерванси и е погоден за различни пригоди. Без разлика дали сте на забава, роденден, пикник или едноставно како сос за стапчиња од зеленчук секогаш имате брзо решение при рака.
време на подготовка10 minutesmins
време на готвење5 minutesmins
целосно време на подготовка15 minutesmins
Намаз
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, намаз од грашок, намаз од зелен грашок, посен намаз од грашок, посно
опрема
Процесор за храна
Состојки
1чаша грашок - свеж, замрзнат или конзервиран
2лажици таан - паста од сусам
2лажици сончогледово масло
2чешниња лук
сок од половина лимон
½лажиче мелен ким - кумин
сол и бибер
Начин на подготовка
Ставете го грашокот во тенџере и наполнете го со вода додека не го прекриете грашокот и варете околу 5 минути.
Исцедете ја водата, исплакнете го грашокот со ладна вода.
Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не се добие мазна хомогена смеса. Додадете малку вода или масло доколку е потребно.
Гарнирајте по желба, сервирајте веднаш и во најдобар случај уживајте го со свежо печен, топол леб.
Остатокот префрлете го во сад кој може херметички да се затвори. Заштитен од надворешни влијанија во фрижидер може да се оддржи свеж цела недела.
Добар апетит :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.