Овој домашен рецепт за хумус од наут е посен, брз и лесен за подготовка, со мека и кремаста конзистенција, вкусно зачинет и ароматичен. Со свежо печен леб, домашни крекери или како намаз за стапчиња од свеж зеленчук, совршен за секоја пригода.
време на подготовка10 minutesmins
целосно време на подготовка10 minutesmins
Намаз
потекло и регионарабски специјалитет
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, намаз, посен хумус од наут, посно, посно кари со тиква, наут и спанаќ, хумус
опрема
Процесор за храна
Состојки
50грнаут од конзерва или домашно варен
3лажици таан - сусамов крем
2лажици сончогледово или маслиново масло
2големи чешниња лук
½лажиче кумин
Сок од лимон - сок од исцеден лимон или 2-3 лажици
2-4лажици ладна вода
Бибер и сол
Начин на подготовка
Ставете ги таанот, ладната вода, маслиновото масло, куминот, солта, лукот и сокот од лимон во процесор за храна. Пирирајте додека смесата не стане мазна.
Исцедете го наутот преку цедалка за чај. Течноста немојте да ја фрлате!
Додадете го наутот во процесорот за храна со другата смеса и пирирајте околу 3-4 минути.
Со силиконска лажица од време на време исчистете ги ѕидовите на процесорот за храна од состојките и продолжете да пирирате додека смесата не се изедначи.
Ако смесата ви изгледа премногу густа, додадете уште една или две лажици вода.
Доколку е потребно, зачинете дополнително со сол, кумин и / или сок од лимон.
Добро изблендираниот хумус може да се гарнира по желба и да се сервира веднаш.
Остатокот чувајте го во затворен сад или тегла со вакуум капак и чувајте го во фрижидер до 5 дена.
Добар апетит :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.