Македонската традиционална салата со компири се состои само од варени компири и свеж кромид зачинета со какви било зачини по ваша желба. Оваа салата можете да ја подготвите и еден ден пред да ја послужите или пак да ја спакувате и однесете на работа. Секако, ако ароматичниот здив од кромидот не им смета на останатите колеги:)
време на подготовка20 minutesmins
време на варење40 minutesmins
целосно време на подготовка1 hourhr
Салати
потекло и регионБалкан
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, компири, посна салата од компири, посно, салата од компири, салата со компири и кромид
Порции: 4Порции
опрема
Големо тенџере
Сад за сервирање
Состојки
1кг компири
2средни кромида
1,5л врела вода
2лажициоцет
3лажици маслиново масло
Сол и бибер
Начин на подготовка
Измијте ги компирите внимателно и подгответе ги за варење во големо тенџере.
Кога водата ќе зоврие, додадете ги компирите без да ги лупите и покријте ги со капак, така што пареата може добро да циркулира во садот.
Варете ги компирите на средна температура околу 40 минути.
Исцедете ја водата веднаш откако компирите ќе бидат сварени.
Оставете ги компирите да се изладат.
Откако компирите ќе се изладат, внимателно излупете ги и исечете ги на мали коцки.
Исечете го кромидот на тенки прстени и добро измешајте ги во садот заедно со маслиновото масло, оцет, сол, свежо мелен бибер и подгответе ја за сервирање.
Добро спакуваната салата во фрижидер се оддржува 3-4 дена свежа.
Добар апетит!
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.