Веганска чоколадна салама со бисквити и јаткасти плодови
Оваа чоколадна салама со бисквити и јатки може да се подготви многу брзо и лесно без печење. Таа е посна и без глутен доколку е потребно. Овој чоколаден десерт се состои од многу едноставни состојки и може да се прилагоди на вашиот сопствен вкус користејќи ги омилените јатки и суви овошја.
време на подготовка20 minutesmins
1 dayd
Десерт
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, посна чоколадна салама со бисквити, јаткасти и суви плодови, чоколадна салама, чоколадна салама со бисквити
опрема
Сад за мешање
Кујнска хартија
Состојки
120грпосни бисквити
50грјаткасти плодови по избор
50грсуво овошје по избор
150грпосно чоколадо
4лажици растително млеко
2лажици кокосово масло
1лажичка арома од рум или вистински рум - по избор
Малку шеќер во прав - какао во прав или кокосови снегулки
Начин на подготовка
Со помош на дланките скршете ги бисквитите на мали парчиња.
Јатките потпечете ги во тава без масло и грубо исечкајте ги со нож.
Сувите плодови исечете ги на мали коцки.
На водена пареа загрејте ги чоколадото, кокосовото масло, растителното млеко и оставете ги да се стопат.
Измешајте ги сите состојки заедно.
Ставете ја смесата на лист хартија за печење или прозирна кујнска фолија и формирајте еден вид на колбас. Краевите заврзете ги добро, така што ќе ја оддржуваат формата на колачето.
Оставете ја ролната да се стегне во фрижидер преку ноќ.
Хартијата или фолијата извадете ја од ролната и поросете ја со шеќер во прав, какао во прав или кокосови снегулки и исечете на парчиња дебели околу 1 см.
Уживајте во чоколадната салама со шолја кафе или чај.
Чоколадната салама може да се чува во херметички затворен сад во фрижидер најмалку 2 недели.
Добар апетит! :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.