Намазот од моркови се приготвува многу лесно и брзо со само неколку состојки. Има убава свежа боја слична на пролет и кремаста конзистенција која совршено се комбинира со леб од спанаќ.
време на подготовка15 minutesmins
време на печење30 minutesmins
целосно време на подготовка45 minutesmins
Намаз
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, моркови, намаз, посен намаз, посен намаз од моркови, посен намаз од моркови со посен пармезан, посно
опрема
Процесор за храна или кујнска машина
Тенџере
Состојки
300грморкови варени
2лажици нутритивен квасец/снегулки од квасец
15млнеутрално масло
15млленено масло
30грсемки од сончоглед
2чешниња лук
Прстофат куркума во прав - по избор
сол и црн пипер
Начин на подготовка
Излупете ги морковите и исечете ги на големи коцки/кругови.
Ставете ги морковите во тенџере со солена вода и варете ги околу 30 минути. Или додека не омекнат.
Во меѓувреме, семките од сончоглед се сецкаат со останатите состојки во процесорот за храна.
Измешајте ги исцедените моркови со другите состојки. Додадете вода од чешма или од онаа во која претходно се вареа морковите во мали количини колку што е потребно.
Кога масата ќе ја достигне посакуваната хомогеност, таа е подготвена.
Кремата е погодна за сервирање со свежо печен леб или со домашни крекери како сос.
Херметички затворената крема во тегла со капак, може да се чува во фрижидер до 10 дена.
Добар апетит :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.