Оваа редена кора со ореви е многу вкусна, веганска по природа и може да се направи без глутен доколку е потребно.
време на подготовка1 hourhr
време на печење1 hourhr
целосно време на подготовка2 hourshrs
главно јадење, појадок
потекло и регионмакедонски специјалитет
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, веган, кора, ореви, редена кора, редена посна кора со ореви, солена редена кора со ореви
опрема
Дрвено сукало
Тава
Сад за месење тесто
Тенџере и кутлача
Состојки
За тестото:
1кг брашно
½лажиче сол
250млвода
За филот:
250грореви
10лажици неутрално масло
1лажичесол
1,5литри вода
Начин на подготовка
Измешајте ги брашното и солта, додадете ја водата и замесете тесто.
Обликувајте го тестото на 6 еднакви топчиња и со сукало тенко расукајте го тестото, приближно колку големината на тавата за печење.
Расуканите кори потпечете ги на шпорет на дрва или на ринглата од електричниот шпорет. Подпечете од двете страни.
Повторете го процесот со сите преостанати топчиња.
Потпечете ги оревите и грубо измелете ги со процесор за храна или машина за мелење на јаткасти плодови.
Во тенџере ставете ги мелените ореви, маслото, солта и водата и оставете ги кратко да зовријат.
Прво исечете го тестото во посакуваната форма и големина или прилагодете го на садот за печење и истурете 1-2 кутлачи од врелиот сос на секој слој тесто.
Слој по слој додека не се потрошат сите состојки и садот за печење сè уште има капацитет.
Печете ја кората околу 45 минути со горна и долна топлина.
Печете додека одозгора не добиете кафеава и крцкава кора и течноста од дното на садот е испарена
Редената кора со ореви е погодна за појадок, ручек, вечера или измеѓу оброци. Следниот ден исто така нема да можете да и одолеете. :)
Добар апетит! :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.