Овие колачиња се особено вкусни за време на Божиќ, но исто така се прекрасни во текот на целата година. Најдобар вкус имаат со топол чај или кафе. Направени се од едноставни состојки, но потребно е малку неактивно време додека тестото се наоѓа во фрижидер . Не плашете се, лесно се приготвуваат. :)
време на подготовка15 minutesmins
време на печење1 hourhr
одмарање на тестото:2 hourshrs
целосно време на подготовка1 hourhr30 minutesmins
Десерт, Колачи
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsванилици, колачи, посни ванилици, посни ванилици на баба, посни колачи
Порции: 60Колачиња
опрема
Длабок сад за месење
Плех и хартија за печење
Цедалка за чај
Состојки
150грмек посен путер или маргарин за печење
100грмелени бадеми
200грбрашно
½лажичка паста од ванила или пулпа од ванила - 3 пакувања ванилин шеќер
2лажици шеќер
прстофат сол
50гршеќер во прав за валање или можеби повеќе :)
Начин на подготовка
Ставете ги сите суви состојки како брашно, шеќер, сол и мелени бадеми во сад и измешајте добро.
Додадете го посниот путер или маргаринот за печење, ванилата и месете ги состојките додека не добиете мазно тесто.
Од тестото направете „колбаси“ дебели околу 2 см, должината не е важна.
Покријте ги и ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа, по можност оставете ги во фрижидер преку ноќ.
Исечете го одмореното тесто на мали парчиња приближно 1 см.
Од секое парче формирајте полумесечина и ставете го на плех обложен со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 175 ° C и печете ги колачињата 12-15 минути.
Во меѓувреме, просејте го шеќерот во прав во малку подлабок сад и засега оставете го настрана.
Оставете ги колачињата да се оладат малку и потоа извалкајте ги во садот со просејаниот шеќер во прав.
Бидете многу внимателни бидејќи колачињата се многу кршливи додека се топли.
Во херметички затворен сад имаат рок на траење до еден месец.
Добар апетит ! :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.