Ова јадење не е направено од само неколку состојки, но се прави релативно брзо и лесно. Овој специјалитет има кремаста конзистентност, е богат со растителни протеини, е здрав, е приготвен на растителна база и заситува долго.
време на подготовка15 minutesmins
време на печење20 minutesmins
целосно време на подготовка35 minutesmins
главно јадење
потекло и региониндиско
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, кари, посно, посно кари со тиква, наут и спанаќ, тиква
Порции: 4Порции
Состојки
600гртиква сечена на коцки
250грнаут од конзерва или домашно варен
400млкокосово млеко од конзерва
150-200грсвеж спанаќ
1голем кромид
2големи чешниња лук
1мало парче ѓумбир
1лажица масло од кокос
1-2лажичекари паста или кари во прав
½сок од лимон
½лажиче буковец или една мала чили пиперка
Сол и бибер по вкус
1-2лажици сусам за декорација - по избор
2лажици индиски оревчиња за декорација - по избор
Начин на подготовка
Излупете ја тиквата и исечете ја на мали коцки.
Загрејте го маслото од кокос во тава, додајте ја исечената тиква и кромид и пржете околу 3 минути.
Додадете ѓумбир, лук и паста од кари и пропржете ги многу кратко.
Додадете го кокосовото млеко, регулирајте ја топлината и оставете го да се вари околу 10 минути.
Додадете го спанаќот и наутот и варете уште 5 минути додека спанаќот не го намали волуменот.
Ако сосот ви се чини премногу густ, додадете малку вода и продолжете со варењето 1-2 минути.
Зачинете ги со останатите зачини и гарнирајте по ваш избор.
Овој пат ние гарниравме со интегрален ориз со долго зрно.
Добар апетит!
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.