Дали како десерт, меѓу оброци, како енергетска бомбица пред и по вежбање, како подарок или за во природа, овие здрави топчиња можат да ве спасат во многу ситуации.
време на подготовка15 minutesmins
целосно време на подготовка15 minutesmins
Десерт, Закуска
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, бомбици, посни бомбици од урми и какао, посни колачи, посни топчиња, топчиња
Порции: 14Топчиња
опрема
Процесор за храна
Сад за чување
Состојки
100грурми или паста од урми
40грлешници
20гровесни снегулки - опционално снегулки без глутен
1-2лажици протеински прав - опционално
15гркакао во прав
1лажиче паста од ванила - или екстракт
1прстофат сол
Какао во прав - мелени или сецкани ореви, лешници, бадеми, снегулки од кокос за валање
1-2лажици вода по потреба
Начин на подготовка
Накиснете ги урмите во вода по можност од претходната вечер или барем 2-3 часа.
Или 15 минути во врела вода.
Лешниците ситно исецкајте ги или грубо мелете ги со процесорот за храна.
Веќе накиснатите урмите процедете ги добро и измешајте ги со сите останати состојки во процесорот за храна додека не добиете хомогена смеса.
Ако смесата е премногу цврста и не се лепи заедно, додадете 1-2 лажици вода или ако смесата е премногу мека, додадете 1-2 лажици овесни снегулки.
Смесата треба да биде леплива, но исто така и лесна за формирање. Ако сте трпеливи, ќе се формира голема топка. Ова навистина се случува. :)
Обликувајте ја смесата во топчиња со саканата големина.
Веќе формираните топчиња извалајте ги во какао во прав, сецкани лешници, ореви, бадеми, кокос или грубо мелени овесни снегулки.
Добар апетит :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.