За подготовка на лебот со цвекло не ви се потребни посебни кујнски предмети, освен сад за месење на тестото и сад за печење на лебот. Лебот е посен а по потреба може да се направи и без глутен.
време на подготовка20 minutesmins
време на печење1 hourhr
време на печење40 minutesmins
целосно време на подготовка2 hourshrs
Леб, Печиво
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, леб, леб со цвекло, посен леб, цвекло
опрема
Сад за печење или плех
Состојки
500грбрашно - или безглутенско брашно
300грцвекло или 2 средни репки цвекло - варено
125млвода
1лажица шеќер
1лажичка сол
7грсув квасец - 1 пакување или свеж коцка квасец
1лажица сончогледово масло - по избор
Начин на подготовка
Прво измијте го цвеклото добро и варете го во солена вода со лушпа околу 35 минути.
Оставете го цвеклото добро да се излади. Ладно е многу е лесно за лупење.
Излупено и сечено на коцки, ставете го цвеклото во блендер со малку вода или евентуално малку масло. Пирирајте.
Измешајте ги сите суви состојки заедно во сад и формирајте вдлабнатина во средината.
Ставете го пирето од цвекло во вдлабнатината и замесете тесто.
Ставете го тестото во тавата за леб или било која форма која ќе ја земете за печење и оставете го да одмори околу 60 минути на топло место.
Откако ќе порасне тестото, вклучете ја рерната на 180 степени целзиусови со циркулирачки воздух и ставете ја тавата за печење со тестото во рерна за печење.
По 45 минути печење, направете тест со чепкалка за заби и проценете дали е потребно понатамошно печење.
Готовиот печен леб, добро изладен се сече на парчиња. По желба користете намази или конзумирајте го со вашата омилена супа.
Добар апетит :)
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.