Зимското време е време на Божиќ. Месеци кои најмногу мирисаат и имаат вкус на ванила, цимет и печени јаболка.

Во многу традиции кои го слават Божиќ, вообичаено е да се печат вкусни божиќни колачиња пред Божиќ или за Божиќ. Нашите омилени колачиња се едноставните ванилици на баба. 

Полумесечините со интензивен вкус на ванила всушност секогаш се рецепт на некоја баба, па затоа и нашиот рецепт го носи ова име. 🙂

Во овој текст ви го прикажуваме најдобриот веганизиран рецепт за традиционални ванилици. 🙂 Предупредување! – Прават зависност. 🙂

За овие лесни, крцкави и миризливи полумесечинки потребни се само пет едноставни состојки. Тие не се само вкусни, туку се и многу лесни за подготовка.

Посни ванилици

Овие колачиња се особено вкусни за време на Божиќ, но исто така се прекрасни во текот на целата година. Најдобар вкус имаат со топол чај или кафе. Направени се од едноставни состојки, но потребно е малку неактивно време додека тестото се наоѓа во фрижидер . Не плашете се, лесно се приготвуваат. 🙂
време на подготовка15 minutes
време на печење1 hour
одмарање на тестото:2 hours
целосно време на подготовка1 hour 30 minutes
Десерт, Колачи
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsванилици, колачи, посни ванилици, посни ванилици на баба, посни колачи
Порции: 60 Колачиња

опрема

  • Длабок сад за месење
  • Плех и хартија за печење
  • Цедалка за чај

Состојки

  • 150 гр мек посен путер или маргарин за печење
  • 100 гр мелени бадеми
  • 200 гр брашно
  • ½ лажичка паста од ванила или пулпа од ванила - 3 пакувања ванилин шеќер
  • 2 лажици шеќер
  • прстофат сол
  • 50 гр шеќер во прав за валање или можеби повеќе 🙂

Начин на подготовка

  • Ставете ги сите суви состојки како брашно, шеќер, сол и мелени бадеми во сад и измешајте добро.
  • Додадете го посниот путер или маргаринот за печење, ванилата и месете ги состојките додека не добиете мазно тесто.
  • Од тестото направете „колбаси“ дебели околу 2 см, должината не е важна.
  • Покријте ги и ставете ги во фрижидер најмалку 2 часа, по можност оставете ги во фрижидер преку ноќ.
  • Исечете го одмореното тесто на мали парчиња приближно 1 см.
    Teigrolle für Vanille Kipferl und zwei fertig geformte Kekse
  • Од секое парче формирајте полумесечина и ставете го на плех обложен со хартија за печење.
  • Загрејте ја рерната на 175 ° C и печете ги колачињата 12-15 минути.
    fertig geformte Vanille Kipferl auf einem Blech
  • Во меѓувреме, просејте го шеќерот во прав во малку подлабок сад и засега оставете го настрана.
  • Оставете ги колачињата да се оладат малку и потоа извалкајте ги во садот со просејаниот шеќер во прав.
    fertig gebackene Vanille Kipferl auf einem Blech
  • Бидете многу внимателни бидејќи колачињата се многу кршливи додека се топли.
  • Во херметички затворен сад имаат рок на траење до еден месец.
  • Добар апетит ! 🙂
    Vanillekupferl dekoriert mit Tannengrün und Lichterkette

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Нашите полумесечини од ванила се прават без путер од кравјо млеко и без јајца.

Тие се топат во устата со првиот залак, вкусот на ванила ги прави особено вкусни.

Патем, полумесечините од ванила се толку големи / мали што се вклопуваат во вашата уста без да ги делите и со секое дополнително колаче едноставно ве тераат да сакате повеќе. 🙂

Оваа „прилагодена“ варијанта ја печеме веќе неколку години наназад, исто така често и ги подаруваме. Сите се воодушевени од колачињата, ретко кој забележува дека се посни.

Посните колачи можат да имаат вкус и да изгледаат исто толку добро како и „нормалните“. 😉

Зошто тестото треба да се стави во фрижидер?

Во денешно време сè е поинтензивно и побрзо, но понекогаш од голема удобност, одредени чекорите при готвењето или печењето се прескокнуваат. И вашиот резултат нема да биде толку задоволителен како на сликата од вашиот омилен рецепт или вкусот кој го имате во сеќавање.

Затоа сметаме дека е многу важно да го ставите тестото во фрижидер откако ќе го замесите и дури потоа ги обликувате колачите.

Тесто кое главно се состои од масти, се загрева со месењето и затоа е меко, лепливо и причинува потешкотии при обработката. Многу луѓе потоа додаваат многу брашно, но ова го прави тестото многу суво. Ако сакате да добиете меки а сепак цврсти колачи тогаш потрудете се да не го прескокнете чекорот со отстојување на тестото во фрижидер :).

Можете ли да користите други јаткасти плодови?

За овој рецепт, најдобро е да користите бланширани, мелени бадеми, бидејќи тие остануваат светли по месењето и печењето и даваат суптилен вкус на бадем.

Ако поради некоја причина не сакате да користите бадеми, секако можете да користите друг вид на јаткасти плодови. Сепак треба да имате во предвид дека друг вид на јаткасти плодови ќе го промени вкусот и изгледот, но не треба да се наруши хомогеноста и цврстината.

Кои се подобри ванилици? Наросени или извалани во шеќер во прав?

Количината на шеќер во тестото е многу мала, но доволна и неопходна.

Со загревањето се топи растителниот путер или маргаринот, а со тоа се топи и шеќерот. Процесот на карамелизација на шеќерот во овие колачиња е многу важен бидејќи им дава цврстина и хомогеност на ванилиците .

Во зависност од вашата желба за слатко, можете само да ги наросите ванилиците со шеќер во прав или да ги превртите во шеќер.

Нас ни се допаѓаат со многу шеќер на нив, па затоа ги валаме двапати во шеќер во прав. 🙂

Бидете внимателни, оставете ги да се оладат неколку минути и потоа допирајте ги, кога се топли, тие се многу кревки и исто така се многу жешки на допир. 🙂

Како и да е, шеќерот во прав треба да се стави додека путерот е сè уште топол за да може шеќерот подобро да лепи на колачите.

Која големина на колачиња е најдобра?

Големината на колачињата игра улога за изгледот, а малку и во вкусот.

Бидејќи вкусот е секогаш многу индивидуален, го оставаме ова на вас. Нас најмногу  ни се допаѓаат многу мали ванилици, кои се скоро филигрански, но исто така бараат и многу мачна работа при обликувањето. 🙂

Од наведените состојки добивме 60-тина минијатурни колачиња.

Секоја година сме многу среќни што одвојуваме време за печење на ванилици, бидејќи тоа е скоро медитативна задача и љубовта што се внесува во неа е љубовта што сакаме да ја подариме за Божиќ. 💚

Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Join the Conversation

1 Comment

  1. 5 stars
    Обожавам ванилици особено во овој прериод од годината есен/зима. Поснава верзија на ванилиците е предобра ја испробав и неможам да одолеам. Благодарам OEKOFREAKS 😇🤌

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.