Ова посно печење од леќа е едноставно неверојатно! Ова е совршено главно јадење за вашето празнично мени. Тоа е сочно, вкусно и прелиено со глазура од посен сос за скара.

Дозволете ни да ви покажеме како точно да го подготвувате ова посно печење од леќа за да можете да започнете нова традиција во вегански стил.

Посно печење од леќа и црвен грав

Ова посно печење од леќа е здраво, се состои од зеленчук и мешункасти плодови, богато е со растителни протеини, лесно се подготвува и е погодно за замрзнување, за да можете повторно и повторно ќе се враќате на овој специјалитет. 🙂 По потреба може да го подготвите и без глутен.
време на подготовка40 minutes
време на печење1 hour
главно јадење
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбез глутен, печење, посно печење, посно печење од леќа

опрема

  • Форма и плех за печење
  • помал и поголем зад за мешање
  • Миксер или процесор за храна

Состојки

За смесата:

  • 180 гр кафеава леќа - не варена
  • 2 конзерви црвен грав
  • 210 гр снегулки од овес - без глутен доколку е потребно
  • 2 моркови
  • 5-6 печурки
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • 1 лажица сенф
  • 3 лажици соја сос - темен или тамари доколку е потребно без глутен
  • 2 лажици посен сос за скара
  • ½ лажичка кумин
  • 2 лажичиња црвен пипер во прав
  • ½ лажичка мајчина душица
  • Малку морско оревче - свежо изрендано
  • 2 лажички сол

За глазурата:

  • 1 лажица доматна паста
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажица посен сос за скара
  • 2 лажици соја сос - темен
  • 1 лимон - сокот од него или 3 лажици вода од кисели краставички
  • 1 чешне лук

Начин на подготовка

  • Згответе ја леќата според упатствата на пакувањето и на крај и исцедете ја течноста.
  • Згответе го црвениот грав во согласност со упатствата на пакувањето, доколку користите од конзерва измијте ги и исцедете ги.
  • Ситно исецкајте го целиот зеленчук или исечкајте го со процесорот за храна, поголеми парчиња се исто така добредојдени.
  • Потоа кратко пропржете го зеленчукот.
  • Исецкајте ги леќата и гравот со процесорот за храна и ставете ги во поголем сад.
  • Во садот додадете го и пржениот зеленчук.
  • Овесните снегулки обработете ги во брашно (видете упатства) и додајте ги на останатите состојки.
  • Измешајте ги сите зачини и сосови во мал сад и измешајте ги со останатите состојки во големиот сад.
  • Смесата убаво измесете ја со рацете, сите состојки добро да се измешаат. Месете додека не добиете хомогена смеса.
  • Ставете ја смесата од посното печење од леќа во форма за леб и печете 45 минути на 180 степени со горната и долната топлина.
  • После печењето, свртете ја содржината на плех обложен со хартија за печење, премачкајте го со глазурата и печете уште 15 минути на 180 степени со горната и долната топлина.
  • Тогаш печењето од леќа е подготвено и може да се премачка со малку сос за скара, домашен кечап или слатко-кисел џем.
    посно печење од леќа премачкано со посен сос за скара и декорирано со гранчиња рузмарин
  • Наша препорака е да го оставите печењето да се олади и дури потоа да ги сечете парчињата, во спротивно може да се распадне.
    zwei Scheiben Linsenbraten im Vordergrung und im Hintergrung das restliche Stück vom Linsenbraten
  • Гарнирано со кнедли од компир, црвена зелка, свежа салата или во сендвич, подготвено е за уживање.
  • Спакувано херметички може да се чува во фрижидер до една недела.
  • Добар апетит! 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот
vegane Linsenbraten mit Kidneybohnen und zwei geschnitenen Scheiben davon dekoriert mit Rosmarin

Запомнете:

Знаеме дека листата на состојки изгледа долга. Многу состојки, но нема никакви чудни или тешко достапни. Сечкањата и варењето можете да ги завршите и ден од напред и тогаш подготовката ќе биде прилично брза.

Зошто морате да го пробате ова печење од леќа?

Бидејќи овој специјалитет е толку добар што заслужува почесно место на трпезата до сите останати вкусни јадења. Па дури и ќе задоволи многу вегански скептици затоа што има сличен вкус на традиционално печење од мелено месо што едвај ќе ја забележат разликата. Всушност посната варијанта има подобар вкус. 🙂

Шега на страна и сите пофалби, всушност има многу практични причини зошто многу зафатени луѓе на оваа планета го приготвуваат овој специјалитет.

Печењето од леќа треба да има совршена рамнотежа помеѓу влагата и текстурата. Премногу влага ќе го направи специјалитетот кашест, а премногу текстурата ќе го направи ронлив.

Печете, па оставете да се излади. И тука се обидуваме да ја намалиме кршливоста и ронливоста на производот. Оставете го малку да се излади. Исечете на парчиња, а потоа уживајте! 🙂

Ова веганско печење од леќа станува поцврсто откако ќе се излади и резултатот не е кашест. Одличен рецепт за  да го приготвите уште претходниот ден. Ако го подготвите претходно, тогаш едноставно прескокнете го чекорот на превртување и „второто печење“ и дури потоа ставете го во рерна по втор пат кога ќе имате потреба.

Која е тајната за добро печење од леќа?

Тајната за навистина добро печење од леќа е да проверите дали е добро зачинето пред печење. Вкусете ја масата и видете што сè уште недостасува според вашиот вкус. Ако количините на зачините ви изгледаат премногу, на почетокот користете малку помалку и пробувајте се додека не ви се допадне.

Истото можете да го направите и со изборот на свежиот зеленчук. Сè додека го одржувате соодносот и специјалитетот не стане премногу влажен или премногу сув, добредојдени сте да експериментирате. 🙂

Смесата за печење од леќа може да лепи, но скоро ништо не треба да останува на рацете. Ако лепи, додадете повеќе брашно од овесни снегулки.

Брашното од овесни снегулки е многу лесно да го приготвите во домашни услови. Посакуваната количина на овесни снегулки ја ставате во миксер или процесор за храна сè додека не добиете брашно, а погруби сегменти сè уште може да бидат видливи.

Купеното овесно брашно е малку пофино и може да ја направи смесата кашеста.

Доколку е потребно, можете да користите и овесни снегулки без глутен, ова не го менува резултатот.

Доколку немате црвен грав, можете да го користите и белиот традиционален грав. Само во тој случај бојата ќе биде посветла.

Ако сметате дека е потребно повеќе влажност и малку екцентричен вкус, тогаш изрендајте едно јаболко по можност со киселкаст вкус. Тоа ќе се погрижи за слатко – киселиот вкус и за влажноста во специјалитетот.

Како најдобро да го чувате печењето од леќа?

Приготвената, но не печена смеса може да се чува во фрижидер еден или два дена, но не препорачуваме подолго.

Печено неколку дена однапред и складирано во фрижидер исто така би функционирало, само прескокнете ги последните 15 минути печење и печете повторно пред јадење. Во спротивно ќе биде премногу суво. Истото важи и за замрзнување во целост или на парчиња може да се оддржи свежо во замрзнувач 1-2 месеци.

Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.