Есента полека се наближува и со есенското време потребата за нешто невообичаено и слатко за да ја галите душата постојано расте. 😉

За да го стимулираме нашето расположение добивме желба за малку необични колачи. Така дојдовме до идеја да приготвиме колачиња во форма на ежиња.

На некој начин овие колачиња потсетуваат на есен и на детство.

Со овој рецепт ќе дознаете колку е лесно да ги приготвите овие превкусни посни колачи кои со нивниот атратктивен изглед е малку штета да ги изедете. 😉

Посни eжиња

Овие колачиња се многу привлечни за очите, имаат добар вкус, посни се, а доколку е потребно може да бидат подготвени и без глутен. Подготовката е релативно брза, но очекувајте малку неактивно време на чекање. 🙂 Совршени се за подарување, за детски родендени или за галење на душата. 🙂
време на подготовка1 hour
Време на печење15 minutes
целосно време на подготовка1 hour 30 minutes
Десерти
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsежиња, колачи, посни ежиња, посни колачи
Порции: 35 Парчиња

опрема

  • Сад за месење на тестото
  • Плех и хартија за печење
  • Кујнска четка
  • мало длабоко аванче

Состојки

За тесто:

  • 450 гр брашно
  • 280 гр посен путер или маргарин за печење
  • 120 гр шеќер во прав
  • 2-3 лажици вода

За полнење:

  • 50 гр посно чоколадо

За глазура:

  • 100 гр посно чоколадо
  • 50 гр снегулки од кокос
  • Јаткасти плодови – по избор
  • Чоколадни мрвици – по избор

Начин на подготовка

  • Во длабок сад добро измешајте ги сите суви состојки.
  • Додадете го омекнатиот посен путер или маргарин за печење и со раце измесете го во мазно тесто.
  • Ако тестото изгледа премногу суво, додадете 2-3 лажици вода и продолжете со месење.
  • Ставете го тестото во фрижидер најмалку 30 минути за потоа да можете полесно да го обработите.
    Ein Stück Mürbeteig auf einem Hand
  • Со помош на дланките, од веќе изладеното тесто обликувајте рамно, кружно колаче.
    Ein Mürbekeks auf einem Hand
  • Средината на на тестото наполнете ја со ситно сецкано чоколадо, внимателно затворете го и обликувајте топче. Топчето треба да има големина на орев.
  • Потоа, притиснете на едната страна од топчето за да формирате нос / муцка и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
    Einen Keks gefüllt mit Schokolade auf einer Hand
  • Печете ги колачињата на 180 степени целзиусови околу 12-15 минути.
    fertig gebackene Kekse auf einem Backblech
  • Колачите оставете ги целосно да изладат.
  • Во меѓу време со помош на пареа стопете го чоколадото потребно за глазурата.
  • Кружната страна на колачите потопете ја во стопеното чоколадо или користете четка за готвење за да ја премачкате горната страна со чоколадо и потоа извалкајте ги во снегулки од кокос.
  • До овој степен приготвени оставете ги колачите на плехот за печење за да се сушат.
  • Во меѓувреме, користете чепкалка за заби и стопено чоколадо за да ги оформите очите и носот.
  • Колачињата веќе имаат лице и изгледаат како мали ежиња. 🙂
  • Целосно оладени и суви, колачињата може да складирате во херметички затворен сад.
  • Добар апетит! 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Можеби ова не е највообичаениот сооднос на состојки за колачи но, сепак колачите се покажаа многу добри, ниту премногу цврсти, ниту кршливи а се топат во устата уште при  првиот залак. 🙂

Ние обично употребуваме темно брашно (не интегрално) за нашите рецепти, но брашно без глутен или пченично брашно се исто така многу погодни за овој рецепт.

Посниот путер или маргаринот за печење треба да има собна температура за месење, во спротивно ќе се борите некое време да добиете мазно тесто. Со топлината на дланките, маснотијата станува многу мека и може да се меси, но така мазно мекото тесто  е малку потешко за обликување. Ако тестото изгледа премногу суво, додадете малку вода, лажица по лажица.

Тестото кое главно се состои од маснотии, се загрева со месење и затоа е меко и лепливо. Тешко е да се преработи. Многу луѓе додаваат многу брашно, но ова го прави тестото многу суво.

Затоа тестото треба да се одмори во фрижидер најмалку половина час. После тоа, може многу подобро да се обработи.

Која големина треба да бидат топчињата?

За ориентација за да ги добиете колачите помалку или повеќе со иста големина, најдобро е да користите онолку тесто колку големината на оревот. Секако, може да користие повеќе или помалку тесто, онолку како што ви одговара според вашата мотивација, желба, расположение и потреба. Во тој случај, треба да имате само во предвид дека времето за печење може да се разликува.

Од наведените состојки излегуваат околу 30-35 колачиња.

Следно, притиснете ги топчињата во рамно тесто со помош на двете дланки и полнете го со филот (ситно сецкано чоколадо или омилените јаткасти плодови) и формирајте топче.

Ако сакате колачи без полнење, тогаш само игнорирајте го овој чекор и делот со фил на списокот со состојки.

Како да ги обликувам топчињата во форма на еж?

Притиснете ја малата топка многу нежно со двете дланки и на едната страна формирајте тап врв (муцка). Како сликовна идеја, формата треба да изгледа како капка вода која капе или солза. 🙂

Кој е најдобриот начин да се стопи чоколадото?

Најдобар, најбрз и најбезбеден начин за топење на чоколадото е сепак методот со водена пареа.

Стопете го чоколадото во сад кој што се наоѓа врз друг сад со топла вода. Бидете многу внимателни тука, вода не смее да влезе во садот со чоколадо, бидејќи така се стврднува чоколадото со мали грутки и може брзо да стане бело откако ќе се исуши.
Внимание! Ризик од изгореници од пареата.

Потоа натопете го кружниот дел од бисквитите, делот што би требало да претставува тело на ежот, во растопеното чоколадо или внимателно премачкај те го со четка за печиво и извалкајте го во кокосовите снегулки. Снегулките од кокос можете да ги замените со мелени или сецкани јаткасти плодови или пак чоколадни мрвици.

Со помош на чепкалка за заби и со чоколадо, насликајте ги очите и носот на ежињата.

Друга варијанта за дизајнирање на очите и носот е уште пред печење да притиснете чоколадо во форма на точки на посакуваното место.

Ние не го пропуштаме овој мал „уметнички“ чин и претпочитаме лицето на ежињата да го правиме со стопено чоколадо. 🙂

Ви поскауваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂

Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.

Sharing is caring!

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.