Морковот е зеленчук што може да се обработи на различни начини без да изгуби многу вкус или хранливи вредности.
Ние ги сакаме морковите свежи и јадења од моркови во сите форми и структури.
Последното нешто што го направивме од моркови беше вегански намаз од моркови со вкус на пармезан. Намазот можете да го конзумирате за појадок намачкан на свеж леб, како сос со зеленчук или крекери.
Кремата се прави само од неколку состојки и процесор за храна.
Посен намаз од моркови со вкус на пармезан
опрема
- Процесор за храна или кујнска машина
- Тенџере
Состојки
- 300 гр моркови варени
- 2 лажици нутритивен квасец/снегулки од квасец
- 15 мл неутрално масло
- 15 мл ленено масло
- 30 гр семки од сончоглед
- 2 чешниња лук
- Прстофат куркума во прав – по избор
- сол и црн пипер
Начин на подготовка
- Излупете ги морковите и исечете ги на големи коцки/кругови.
- Ставете ги морковите во тенџере со солена вода и варете ги околу 30 минути. Или додека не омекнат.
- Во меѓувреме, семките од сончоглед се сецкаат со останатите состојки во процесорот за храна.
- Измешајте ги исцедените моркови со другите состојки. Додадете вода од чешма или од онаа во која претходно се вареа морковите во мали количини колку што е потребно.
- Кога масата ќе ја достигне посакуваната хомогеност, таа е подготвена.
- Кремата е погодна за сервирање со свежо печен леб или со домашни крекери како сос.
- Херметички затворената крема во тегла со капак, може да се чува во фрижидер до 10 дена.
- Добар апетит 🙂
Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.
оцени го рецептотЗапомнете:
При подготовка на моркови важно е да додадете малку маснотии во садот затоа што здравиот каротин содржан во моркови е растворлив во масти. Човечкото тело може да го апсорбира само во комбинација со маснотии во храната. Не случајно се користи толку многу масло во намазот. Ама сепак не претерувајте. 🙂
Семките од сончоглед се богати со омега-6 масни киселини, кои се незаситени масни киселини кои се наоѓаат во многу растителни и животински производи. Тие не се нездрави сами по себе – но мора да се земат во правилна пропорција со омега-3 масните киселини. Во овој рецепт се обидовме да го балансираме односот помеѓу омега-3 и омега-6 масните киселини во рецептот со лененото масло. Затоа што лененото семе или масло е природен, вегански извор на омега-3 масните киселини.
Покрај тоа, семето од сончоглед на намазот му дава кремаста структура и го олеснува мачкањето.
Што е нутритивен квасец или квасочни снегулки?
Снегулките од квасец или нутритивниот квасец се производ од квасец. Тој е направен од едноклеточни габи (претежно Saccharomyces Cerevisiae). Снегулките се сушат во процесот на производство, така што квасецот е во неактивна форма.
Готовиот производ повеќе не содржи живи/активни габи. Одлично е што повеќето витални материи од квасецот остануваат во производот.
Снегулките од квасец по природа имаат благ, зачинет вкус со арома на кашкавал. Затоа, во прехранбената индустрија и во домаќинствата, снегулките се користат за ароматизирање на јадења и како алтернатива за вегански кашкавал или пармезан.
Многумина веруваат дека нутритивниот квасец не е здрав, но за среќа тоа не е точно.
Бидејќи нутритивниот квасец е особено хранлив и е богат со витамини и го имитура вкусот на сирење и кашкавал. Не пропуштајте го овој вкус.
Производот е богат со витамини Б1, Б2, Б5 (пантотенска киселина), Б6 и фолна киселина. Тие исто така содржат многу протеини во форма на лесно употребливи аминокиселини.
Дали морковите може да се заменат?
Морковите може лесно да се заменат со некој друг вид на зеленчук кој што го имате дома или пак особено го сакате.
Пролетната, портокалово-жолтеникава боја може да се интензивира со прстофат куркума во прав.
Покрај боењето, куркумата во прав има и други корисни својства, но за тоа во некоја друга објава. 🙂
Наведените количини на состојките лесно може да се прилагодат за да одговараат на вашата исхрана и потреби. Хомогеноста на кремата од моркови исто така зависи од вашиот личен вкус.
Намазот добро затворен во тегла ја оддржува свежината до 10 дена. По потреба можете и да го замрзнете и во период од 3 месеци да го конзумирате, затоа што потоа ги губи аромите и хранливите вредности.
Ако го замрзнувате во стаклени садови, оставете доволно простор. Потполно наполнетиот сад може да пукне во процесот на замрзнување.
Ви посакуваме многу успех и одвај чекаме да ги видиме вашите резултати и варијации. 🙂
Следете на Instagram и на Facebook и означете не на вашите креации.