Сигурно од време на време имате зрели банани во кујната. Многумина ќе речат „веќе не се употребливи“, но секој што се храни на растителна база би рекол: „совршен колач или сладолед од банана “ 🙂 Бидејќи ние припаѓаме на групата која не сака да се расфла со храна, од зрелите, сочни банани најчесто печеме колач. Навистина нема ништо подобро отколку да го започнете денот со шоља свеж чај и едно или подобро две парчиња колач од банана. 🙂

Посен колач со банана

Без разлика дали ќе го наречете колач со банана или торта со банана, оваа креација е многу вкусна. Колачот е посен, сочен и приготвен со многу малку и едноставни состојки. За подготовката не е потребен никаков миксер или процесор за храна, се што ви треба како прибор за кујна е сад за мешање и тава за печење. Колачот е погоден за појадок, како закуска со кафе или чај, за пикник, да го подарите …
време на подготовка10 minutes
време на печење40 minutes
целосно време на подготовка50 minutes
Колач, Колачи, Торти
потекло и регионCross-Cooking
начин на исхранаVegan
Tagsбанана, без глутен, колач, посен колач со банана, посно
Порции: 12 порции

Состојки

  • 3 зрели банани - една банана обично тежи околу 120 гр
  • 1 “нормална” банана
  • 200 гр брашно
  • 150 гр шеќер
  • 100 мл растително млеко
  • 50 мл масло
  • 2 кафени лажици - прашок за пециво
  • 1 кафено лажиче екстракт од ванила
  • 1 лажица нишесте
  • прстофат сол

Начин на подготовка

  • Добро згмечете ги трите зрели банани со вилушка, така што ќе станат рамномерна, хомогена маса.
  • Измешајте ги сите суви состојки во сад.
  • Загрејте ја рерната на 175 степени со вентилатор.
  • Постепено додајте ги бананите, маслото, растителното млеко и ванилата врз сувите состојки и измешајте ги со мешање додека не добиете мазно тесто.
  • Калапот за печење може да се покрие со хартија за печење или да се подмачка со маргарин и да се пороси со брашно или шеќер.
  • Откако ќе донесете одлука, истурете ја приготвената смеса во калапот и измазнете ја одозгора.
  • Последната бананата исечете ја во должина на тенки парчиња и ставете ги врз тестото. Потоа печете околу 30 минути на 175 степени со вентилатор.
  • По 30 минути, направете тест со чепкалка за заби, ако има многу тесто што се лепи на чепкалката, печете го колачот уште околу 10 минути покриен со парче алуминиумска фолија.
  • Извадете ја тортата од рерната, оставете ја целосно да се излади или почекајте најмалку 30 минути, за да ја извадите од калапот за печење.
  • По желба, одозгора може да се декорира со шеќер во прав.
  • Добар апетит 🙂

Дали ви се допадна рецептот или не излезе како што посакувавте? Ние го цениме вашиот искрен фидбек за овој рецепт.

оцени го рецептот

Запомнете:

Дали оваа креација ќе ја наречете торта со банана или колач со банана зависи од тавата за печење во која се пече смесата. Обликот или површината на калапот за печење влијаат и на времето на печење за неколку минути.

Времето за печење може да варира во зависност од видот и зрелоста на бананите. Зрелите банани се посочни и послатки со што го прават колачот повлажен и го продолжуваат времето на печење.

Ако по 40 минути печење има уште малку тесто на дрвената чепкалка за заби, слободно извадете ја тортата од рерната, треба да е печена, но е особено сочна.

Слободно испечете го колачот потемно, но внимавајте, тој може многу бргу и да изгори 🙂 

Ако рерната нема функција печење со вентилатор, тогаш вклучете ја стандардната функција на горно и долно печење. Печењето на овој начин може да потрае малку подолго време.

Ако се храните без глутен или пченица, тогаш само заменете го брашното со она кое обично го користите. Само внимавајте на густината на тестото, тоа не смее да биде многу течно.

Која е разликата помеѓу зрелите, скоро кафеави, недозреани и зеленикави банани?

Кафеавите банани  го имаат скоро целиот свој скроб веќе претворено во шеќер, тие се послатки, поради што многумина и ги претпочитаат меките банани за печење.

Сепак, експертите за храна се согласни дека можете да ги јадете вашите банани во тој степен на зрелост во кој најмногу ви се допаѓаат, без да испуштите било кои од хранливите вредности. Дури и ако ги јадете во „погрешен“ степен на зрелост.

Самите состојки остануваат непроменети за време на процесот на зреење. Единствено што навистина се менува е вкусот и како телото го користи шеќерот. Како ја јадете вашата банана главно зависи од тоа како ви се допаѓа најдобро.

Ако сакате повеќе информации за потеклото бананите и кои видови се одгледуваат во денешно време продолжете да читате понатаму 🙂

Бананите (Муса) во минатото биле нарекувани смокви на рајот, ботанички тие припаѓаат во семејството на банани (Musaceae). Речиси сите 70 видови потекнуваат од тропска до суптропска Азија и западен Пацифик, освен за еден вид од Танзанија.

Дрвото на бананата е повеќегодишно растение кое достигнува висина од шест до девет метри, со многу големи, издолжени и неподелени лисја што можат да бидат долги до шест и ширина од еден метар. Тие формираат плодови само еднаш во нивниот живот. На крајот на бербата, матичното растение ќе биде отсечено, но новите корења веќе се формирани на коренот на старото растение и ја обезбедува следната берба на банани. Едно дрво може да носи 300 банани едновремено.

Плодот може да се бере по околу една до една и пол година. На самите плодови им се потребни 3 месеци за да созреат. 

Ботанички гледано, бананите припаѓаат на групата на јагодести плодови и се поврзани со семејството на краставици, домати и тиква.

Таа е една од најстарите култури во светот. Во 15 век била донесена од Југоисточна Азија преку Индија до Африка (арапски регион) до Европа и Јужна Америка. Земјите во Јужна Америка се најголемите извозници на банана денес.

Името “банана” потекнува од областа на арапски јазик и значи прсти.

Главно се користат три вида банани: овошна банана, брашнеста или банана за готвење и текстилна банана.

Овошните банани се конзумираат свежи, содржат околу 70 проценти вода, многу јаглени хидрати во форма на скроб и шеќер, мали количини на витамин А, Б и Ц и голема количина калиум.

Многу состојки во овошјето имаат лековити ефекти во гастроинтестиналниот предел. Бананата дејствува базично и ја спречува киселоста на желудникот. Исто така, има многу позитивен ефект врз човечкиот мозок, бидејќи аминокиселината триптофан го стимулира производството на хормонот за среќа серотонин.

Бананата за готвење има поостро изразени рабови, е подебела и подолга, со тврдо месо, таа мора термички да се обработи пред да се конзумира, таа е погодна за пржење, варење или сушење. Нивната лушпа е со бледо жолта, сива или крем-боја. Колку е позрела, толку е подобар вкус има. Надворешноста на бананата не треба да ве измами кога ќе ја купите, колку потемна – толку повкусна.  Листовите од бананата служат како добиточна храна, се користат за градење на кровови, а цветовите се готват како зеленчук во Индија. Во Африка од овој вид на банана ферментираат и пиво. 

Текстилната банана позната и како коноп од Манила се одгледува на Филипините, Еквадор и Костарика. Влакната на листовите се користат за правење хартија или ортоми. Овие влакна се многу стабилни против гниење во речна и солена вода. Во минатото, тие биле многу важни за производство на мрежи за риболов.

Sharing is caring!

Join the Conversation

1 Comment

  1. 5 stars
    Одлично смислен рецепт ќе се обидам да го приготвам и ќе добиете фидбек. Продолжете така, само напред, очекувам други изненадувачки рецепти.

Leave a comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Bewerte dieses Rezept




This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.