Посно кари со тиква, наут и спанаќ

На нашата трпеза најчесто има специјалитети кои што се направени од едноставни, сезонски, регионални и свежо подготвени зеленчуци. Понекогаш сакаме да си дозволиме други јадења кои се многу лесни за подготовка, но не се направени од 100% свежи и сезонски состојки. Главните состојки за овој рецепт се тиква, наут, спанаќ и кокосово млеко. 

Кога во доцна есен надвор многу рано ќе почне да се затемнува и станува тажно, ние сме среќни да ги претвориме боите на постојниот зеленчук во кулинарно уживање 🙂

Сигурни сме дека ја сакате храната со убави и силни вкусови и ништо не може да надмине едно одлично кари за да се стави крај на еден хаотичен ден. Аромите ќе ве однесат во еден поинаков свет и тоа ќе ви  ја наполни устата со вода и ќе ви ја зголемат желбата за уште една дополнителна порција 🙂

Continue reading “Посно кари со тиква, наут и спанаќ”

Вегански пармезан од бадеми

За оние кои често велат: „Веганската исхрана не е за мене, не можам да живеам без сирење и кашкавал“, тука имаме примамлива можност да направитe тест и  да ги проширите сопствените граници на вкус.

Дури и при првата дегустација на омилените тестенини или друго јадење ќе бидете освоени и ќе го сакате веганскиот пармезан повеќе од класичниот.

Оваа варијанта е без индиски ореви и се состои главно од бланширани (лупени) бадеми и нутритивен квасец (снегулки од квасец).

Continue reading “Вегански пармезан од бадеми”

Бисквити за Денот на планетата Земја

Колку се повеќе се приближуваше Денот на планетата Земја, толку повеќе идеи ни доаѓаа на памет на кој наш начин со нешто посебно, истовремено убаво и оддржливо да оддбележиме денот. 🙂

Одлуката не беше лесна, затоа што ризикот да не ни успее експериментот од прв пат беше голем и немаше да имаме материјал за објава на рецептот. 😉

Ама како што гледате експериментот беше успешен, рецептот и рачната, креативна работа исто така. 😉

Во оваа објава ве запознаваме со нашиот рецепт за колачиња подготвени во чест на Денот на планетата Земја, кои се направени од класично тесто за колачиња или бисквити со дадена прехрамбена боја.

Continue reading “Бисквити за Денот на планетата Земја”

Посен хумус од наут

Веројатно повеќето од вас веќе имаат направено хумус од наут во домашни услови. Во меѓувреме има многу рецепти и варијации од различни зеленчуци што може да се најдат на интернет. Добро е што има голем избор и се наоѓа по нешто за секој вкус и секој стомак може да се задоволи. 🙂

Во овој рецепт ќе ја претставиме нашата едноставна варијанта на посен хумус од наут. Тој многу лесно се приготвува со неколку едноставни состојки. Сè што ви треба е процесор за храна или миксер и 10 минути од вашето време. Овде ќе дознаете како сами да го креирате вашиот нов омилен хумус од наут со мека и кремаста конзистенција.

Continue reading “Посен хумус од наут”

Посен Mousse au Chocolat кој се прави само од три состојки – рецепт што секогаш успева!

Обожавате Mousse au Chocolat и многу често сами правите хумус и секогаш ја истурате течноста од варениот наут … Стоп … Стоп.

Што има врска едното со другото сега?

Водата во која се вари наутот се нарекува Аквафаба. Има вискозна конзистентност и главно се состои од јаглени хидрати и растителни протеини кои преминале во водата за време на процесот на варење на наутот. Таа течност е совршена замена за посен шлаг.

Сè што ви треба за Mousse au Chocolat е аквафаба како посна замена на белки од јајца, посно темно чоколадо, сок од лимон и процесор за храна или миксер. За скептиците меѓу вас, би сакале да ве увериме дека овој десерт воопшто нема вкус на наут, секогаш функционира и не предизвикува никаков вид на отпад, значи Zero Waste рецепт.

Continue reading “Посен Mousse au Chocolat кој се прави само од три состојки – рецепт што секогаш успева!”

Посен намаз од моркови со вкус на пармезан

Морковот е зеленчук што може да се обработи на различни начини без да изгуби многу вкус или хранливи вредности.

Ние ги сакаме морковите свежи и јадења од моркови во сите форми и структури.

Последното нешто што го направивме од моркови беше вегански намаз од моркови со вкус на пармезан. Намазот можете да го конзумирате за појадок намачкан на свеж леб, како сос со зеленчук или крекери.

Кремата се прави само од неколку состојки и процесор за храна.

Continue reading “Посен намаз од моркови со вкус на пармезан”

Ден на планетата Земја

Зошто се слави Денот на планетата Земја и како се воспоставил?

Денот на планетата Земја се одржува секоја година од 1970 година под мотото: „Мисли глобално, дејствувај локално“. Посветен на 22 април се чествува во над 175 земји во светот. Всушност, секој ден е Ден на планетата Земја, само овој посебен ден треба да ги охрабри луѓето да размислуваат за последиците од нивното однесување како потрошувачи и да дејствуваат одржливо и одговорно.

Continue reading “Ден на планетата Земја”

Посни колачи со урми, бадеми и таан

Во потрага по рецепти кои не предизвикуваат грижа на совеста додека јадете и потоа сеуште можете  добро да се чувствувате, дојдовме до овој рецепт после неколку обиди: посни колачиња со урми, бадеми и таан. 

Тие се состојат само од неколку состојки, посни се, без глутен и брзо се прават. За подготовка потребен ви е само процесор за храна или миксер и рерна. Колачите имаат бадемов и на места пријатно соленкаст вкус. Урмите даваат доволно сладост, без да има потреба да се користи рафиниран шеќер.

Continue reading “Посни колачи со урми, бадеми и таан”

Посен хумус од грашок – хумус направен од зелен грашок

Има многу различни варијанти на хумус и неколку од нив веќе испробавме за да ги споделиме со вас. Основниот рецепт е скоро секогаш ист,  а останатите се разлкуваат по различните главни состојки или мешавината со наут, кои на секој намаз му даваат посебна нота на вкус.

Во овој рецепт би сакале да ве запознаеме со нешто друго освен класичниот хумус. Главната состојка за овој намаз е зелениот грашок.

Continue reading “Посен хумус од грашок – хумус направен од зелен грашок”