Ако сте фанови на играта меморија, овојпат во одржлива варијанта, тогаш се наоѓате на правото место. Тука со сигурност можеме да ви понудиме неколку минути на забава преку откривање на најголемите секојдневни загадувачи на животната средина.

Аналогната верзија на играта меморија е направена од рециклирана, печатена хартија која беше изложена во Скопје. Со желба што повеќе публика да запознаеме со играта, направивме и дигитална верзија, која подоле во текстот ви ја претставуваме. Авторот на делото Таневски Даргачо во свој текст ги објаснува мотивите и инспирацијата за ова дело.

Влијанието на секојдневните загадувачи врз секојдневниот живот

Брзиот и динамичен начин на живот не заслепува и не одалечи од она суштинското, од она кое ни дава живот а ние бесрамно и гордо го уништуваме. Екосистемот, структурата на животот од кој сите зависиме, забрзано опаѓа поради човечките постапки. Но, се уште има време да ја спасиме планетата земја.

Секојдневно го минам истиот пат до моето работно место, така поспан и умислен во планови за реализација на дневните активности. Некаде на половина пат вниманието ми го одзеде голема раскината кеса со отпад која најверојатно беше растргната од улично куче кое било во потрага по храна, го собрав отпадот и го фрлив во корпа. Продолжив по патот до работа но како се движам станувам се понервозен, по патот постојано здогледувам расфлен отпад за кој имав чуство дека неговата количина градациски се зголемува. Долго време размислував и првично ги обвинував уличните животни дека тие го расфрлаат отпадот поради потрага по храна, но тоа не е точно. Ние луѓето сме виновни за создавање на огромни количини отпад, а дел од него завршува расфрлен по јавните површини и природата.

Сите знаеме дека сите процеси создаваат отпад, но не сите создаваат загадување. Но дали тоа значи дека ние треба да си дозволиме да употребуваме секојдневно пластика за една употреба и друг бионеразградлив материјал?! Дали треба секој создаден отпад да го расфрламе онаму каде што ќе ни текне и да создаваме ридови од отпад?! НЕ, и ние луѓето сме исти со сите живи суштества на оваа планета но ние сме единствените битија кои ја уништуваат природата без да помислиме на неа, ние треба подеднакво да се грижиме за природата како што таа се грижи за нас. Покрај сите влијанија на човекот врз природата таа умешно се снаоѓа да опстане и да продолжи да егзистира и повторно да ни даде живот. Таа постојано ни праќа опомени но не секој од нас е свесен за нив. Не треба да се срамите или плашите барем малку да пробате да промените нешто, не сте сами и покрај добиените коментари од заедницата: „сам си неможеш ништо“ „не се будали нема да ја спасиш природата“. Кога пазарувате носете си платнена торба и одбијте го ќесето кое ќе ви го дадат, селектирајте отпад, компостирајте, рециклирајте или дајте му втора шанса на секој отпад, чувајте ја природата и грижете се за неа.

Зошто играта на меморија е релевантна?

Постојаното размислување и дискутирање на тема екологија и одржување на природните ресурси ме навлече да размислувам на создавање уметничко дело кое би ја доближило проблематиката до пошироката јавност. Решив да го фотографирам отпадот кој го среќавам по улица и да создадам дело кое ќе биде критика и потсетување дека мораме да промениме нешто додека не е доцна за тоа. Долг период се занимавам со изработка на рециклирана хартија за која употребувам искористена хартија во комбинација со различни природни додатоци од кои сува градинарска трева, суви листови од различни цветови, листови од дрва, билки и зачини. Љубопитноста и експериментирањето ми се секогаш на прво место во она што го изработувам, па затоа решив да создадам мултимедијална и интерактивна уметничка инсталација која е составена од фотографии, видео проекции, звук и рачно изработена хартија, делото го нареков „едукативна меморија“

Текст од нарацијата на видео инсталацијата

Planet earth

This is planet earth, our planet!

Once very beautiful, we humans destroyed her!

But why?

Because of our pleasure, luxury, and power!

The Earth will never – never be the same again!

If we don’t change our way of life, and help her to heal,

humanity will destroy itself.

Голема благодарност до тимот кој беше дел од процесот на создавање на  „едукативна меморија“

Музика: Африм Шакировски

Наратор: Кристина Коцевска

Кодирање: Димитар Јорданов

Sharing is caring!